Четири приказни за родителството кои секогаш би требало да ги имате на ум.

Одгледуваме деца или цвеќиња?

Давид, мојот сосед, има две деца. Синови од пет и седум години. Еден ден му покажуваше на својот седумгодишен син Кели како да управува со косилка за трева во дворот. Додека го учеше како да ја сврти косилката на крајот од тревникот, неговата сопруга Ана го праша нешто преку прозорецот. Давид се сврти да ѝ одговори, а Кели помина со косилката низ дворот кон цвеќињата кои Давид внимателно ги одгледува. Кога мојот сосед се сврти и виде што се случува, збесна. Почна да му вика на својот син, а потоа Ана брзо му пријде, му ја стави раката на рамо и му рече:

– Давид, смири се. И запомни – ние одгледуваме деца, а не цвеќиња!

Ана ме потсети на важноста од тоа дека како родители не треба да ги заборавиме своите приоритети. Децата и нивната самопочит се поважни од кој било предмет што може да се скрши или оштети. Скапоцената вазна е веќе скршена, солта е веќе истурена, стаклото веќе пукнато. Цвеќето е веќе мртво. Мораме во тие моменти да имаме на ум дека единствено правилно е да останеме прибрани и да не му викаме на детето, кое сигурно и самото разбрало дека направило грешка.

Истурена вода

Неодамна се случи уште една ситуација што ме наведе на размислување. Пред неколку недели со колегата разговарав за децата. Ми рече дека додека сите заедно вечерале, неговата седумгодишна ќерка ја скршила својата чаша со вода. Откако водата била избришана, без замерка од родителите, детето ја кренало главата и рекло:

– Знаете, сакам да ви се заблагодарам што не сте како другите родители. Родителите на повеќето деца би им викале во такви ситуации, дали од бес, дали од желба да се осигурат дека таков инцидент нема да се повтори.

Истурено млеко

Еднаш на вечера со пријателите се случи нешто слично. Нивниот петгодишен син ја истури чашата со млеко врз масата. Веднаш побрзаа да го искараат, а јас, додека му држеа лекција, намерно ја истурив мојата чаша. Кога почнав да зборувам дека во 48-та година и понатаму истурам нешто, момчето светна од радост, а неговите родители, кои изгледа ја сфатија поентата, престанаа да му држат лекции. Колку е лесно да се заборави дека сите учиме целиот живот.

Мајката на научникот

Неодамна од Стефан Глен (познат психолог) ја слушнав приказната за познатиот истражувач кој стои зад неколку многу важни медицински откритија. Во текот на разговорот со новинарите го прашале што е она што го одвојува од другите?

Рекол дека се разликува според сите последици од искуствата со мајка му кога имал две години. Се обидел од фрижидер да извади шише млеко, но шишето било водено, па му се лизнало, паднало и млекото се разлеало низ кујната.

Кога влегла неговата мајка, наместо да му вика и да го казни, му рекла: „Роберт, какво убаво море си направил. Не сум видела толку голема бара со млеко. Знаеш, Роберт, кога некој ќе направи таков неред, на крајот на краиштата, сè мора да биде исчистено. Па, кажи ми како сакаш тоа да го направиме? За подот можеме да користиме сунѓер, пешкир или крпа“. Избрал сунѓер и тој и неговата мајка го исчистиле излеаното млеко. Тогаш мајка му му рекла: „Ти се обиде да го изнесеш шишето со млеко со твоите две мали раце и не ти успеа. Одиме сега во дворот, ќе наполниме шише со вода и ќе видиме дали можеш да најдеш начин да го носиш без да ти се истури“. Момчето открило дека ако го држи шишето со двете раце за грлото во близина на врвот, може да го носи без да го испушти. Колку убава лекција.

Овој познат пронаоѓач напоменал дека токму во тој момент сфатил дека не треба да се плаши од грешки. Наместо тоа, научил дека некои грешки ни овозможуваат да научиме нешто ново, што на крајот е научен експеримент. Дури и ако експериментот е „неуспешен“, на крајот од него учиме нешто скапоцено. Нели би било прекрасно кога сите родители би реагирале како мајката на Роберт?

Да не заборавиме дека духот на нашите деца е многу поважен од материјалните работи. Кога ќе се сетиме на тоа, самопочитта и љубовта цветаат и растат многу поубаво од кој било цвет.

Извор



912

X