Токсичната релација родител-дете носи многу психолошки последици врз интегритетот на една личност, во креирањето на нејзината целовитост, сликата за себе, идентитетот
Емоционално далечен татко
Овој тип однос татко-ќерка се карактеризира со физички присутен татко, но отсуство на внимание и емоционална поддршка укажана кон детето. Во овој однос родителот не покажува многу интерес за животот и случувањата на своите ќерки, не ги препознава или ги отфрла нивните потреби за комуникација и љубов.
Високо критички настроен татко
Во овој однос девојчињата се чувствуваат како да не прават ништо доволно или добро. Овој тип татко не го уважува трудот и постојано поставува високи стандарди, ја критикува личноста наместо однесувањето на детето и ги понижуваше и навредува нејзините достигнувања.
Зависен татко
Овој однос се карактеризира со симбиотична и зависна релација татко-ќерка каде што родителот не остава простор за независност и целовитост во личниот развој на девојчето. Зависноста го учи детето дека сè што е реално и вистинито се наоѓа во тој симбиотичен и зависен свет а сето тоа што е надвор од него е нестабилно, нереално, релативно.
Насилен татко
Во овој случај насилството може да биде придружено во многу форми. Таткото може да биде насилен физички, вербално, емотивно, психолошки итн., со што се попречува секоја можност за здрава и хармонична релација родител-дете.
Токсичната релација родител-дете носи многу психолошки последици врз интегритетот на една личност, во креирањето на нејзината целовитост, сликата за себе, идентитетот. Таквите релации несвесно влијаат и врз изборот на понатамошен партнер. Но, со работа на својот личен раст и развој, секоја токсична релација може да се надрасне и регенерира.
912