Нашите одлуки во животот треба да бидат ограничени само од нашата имагинација. Сепак, премногу се ограничуваме поради тоа што мислат другите или поради закоравеното воспитување на кое сме биле изложени.
Четири жени од Вашингтон целосно ги променија своите концепти за семејство, пријателство и родителство и создадоа урбана заедница каде што можат слободно да бараат среќа на начин на кој повеќето луѓе никогаш не размислуваат.
Холи Харпер и Херин Хопер секогаш се шегуваа дека еден ден ќе живеат заедно во Вермонт
Но, откако и двете се разведоа, почнаа сериозно да ја сфаќаат старата шега.
– Јас и Холи рековме: „Зошто да не го направиме тоа?“ Ни требаше еден викенд за да ја најдеме оваа куќа“ – се сеќава Харпер во интервју за „Тудеј“. Двете пријателки нашле уште две неомажени жени, Џен и Леандра, и заедно купиле куќа составена од четири станбени единици. Нивниот договор им овозможува да заштедат пари, а има безброј придобивки за сите четири семејства.
– Ја откривме моќта на споделувањето, а основните трошоци ни беа намалени, што ни овозможи да уживаме во изобилството – вели Харпер.
– Овој животен консензус е детски рај, со џиновска трамбулина, паркур-простор, градина, вежбалница, ТВ со голем екран и студио за различни изработки. Нашите деца – кои имаа пријатели со нив за време на карантин и домашно школување – напредуваат – вели Харпер.
Децата на возраст од 9 до 14 години се однесуваат како да се роднини
Нивниот нов соживот им дава нови погледи на животот што инаку не би ги имале. Тоа им дава одлична можност да дознаат повеќе за запознавање, проблеми, развод, семејство, сексуална ориентација, креативност, смрт и пронаоѓање радост. Исто така, не им недостига друштво, ниту забава. Животот во домот што го нарекоа „Куќа на сирена“ е многу сличен на летен камп.
Овој живот им помогна на четирите мајки да научат да споделуваат
Жените ги делат трошоците, автомобилите, храната, чувањето деца, прошетките на кучињата. Харпер вели дека нивниот животен стил ѝ заштедува над 26.000 евра.
– Не знаеме чии се чорапите. Тие се насекаде. Ајпади, садови, шолји. Се случуваат многу размени. Обично непланирани – раскажува Харпер. За да ги одржуваат работите во ред, тие имаат рутински „состаноци на сопственици“ на кои разговараат за поправки и работа во дворот.
– Тука има духовна безбедносна мрежа речиси секој ден. Можам да бидам најлоша, можам да бидам најдобра, но тие ме гледаат таква каква што сум и тоа е во ред.
За Харпер, нивниот дом не е утопија, но овој вид соживот им дава на четирите семејства најдобра шанса да најдат среќа.
– Целта на животот не е да достигнеме одредено ниво на среќа, туку да создадеме средина во која сигурно ќе ја бараме среќата во секое време – вели Харпер.
912