Воспитување

Чет-бот им помага на новите родители

Нашите родители имаа книги и се потпираа на нив со децении, што се однесува до знаењата за родителството. Потоа, во одреден момент се појави интернетот и стана повлијателен во таа област. Сега му нема замена, без разлика колку некогаш сме се бореле против ова моќно знаење кое не е секогаш многу доверливо. И тогаш на сцена настапи вештачката интелигенција (AI), односно вештачката интелигенција и чет-ботови и беше само прашање на време кога овој метод ќе им стане најдобар пријател на родителите.

Се разбира, најсигурен совет е оној што доаѓа директно од педијатарот. Сепак, педијатрите не ни се достапни во секое време, а на новите родители многу често им треба решение – веднаш. Книгите се малку застарени, колку и да ги сакаме, а на интернет има баш сè и многу лесно може да се најдат погрешни информации.

И тука на сцена настапи една млада компанија, стартап од Сан Франциско, „Oath Based“. Таа официјално го лансира својот чет-бот со вештачка интелигенција кон крајот на минатиот месец. Компанијата иновира алатки за вештачка интелигенција кои им помагаат на секојдневните корисници да пишуваат, зборуваат и создаваат слики – а сега сака да им помогне и на мајките и татковците.

„Oath Care“ тврди дека е првата и единствена платформа за родителска заедница одобрена од лекар, со вградена генеративна ВИ компонента. Ова значи дека ако родителите имаат прашања за нивните деца или мајките се прашуваат за сопственото здравје по породувањето, „Oath Care“ може да создаде одговор врз основа на вештачка интелигенција од знаења на вистински лекари и рецензирани студии. Овој чет-бот е програмиран да извлекува едноставни и лесно разбирливи одговори од околу триесет извори кои „Oath Care“ ги смета за веродостојни, како што се: Американската академија за педијатрија, Националниот институт за детско здравје и човечки развој (NICHD) во САД, Националната здравствена служба во Обединето Кралство и Американскиот колеџ за акушери и гинеколози.

Коосновачот на „Oath Care“, Мишел Стивенс, која исто така е педијатар, постојано била сведок на препораките за нега на жените и децата во овие рани фази и сметала дека тие често се недоволни, па сакала да направи нешто околу тоа. Така, оваа платформа би можела да ѝ помогне, на пример, на мајка која бара совет за доење, нудејќи ѝ совети од консултанти за лактација. Мајките што не спијат доволно би можеле да добијат помош од експерти за спиење итн.

На овој начин би се создал сеопфатен систем за поддршка, но на сосема нов начин – виртуелен. Другиот коосновач и извршен директор на „Oath Care“, Камила Херман, изјавила дека сака да направи повеќе отколку само да ги постави професионалните информации на дофат на родителите. Таа вели дека целта на апликацијата е да го намали стресот кај родителите преку создавање заедница на која можат да се потпрат за експертиза, поддршка и да добијат преглед.

Автор: Луна Николиќ

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top