Бремените жени треба да пијат повеќе течности од другите луѓе. Водата е особено важна за нив бидејќи помага во создавањето на плацентата и плодовата вода, кои ги штитат плодот и папочната врвца од повреди.

Бремените жени треба да пијат 8-12 чаши вода дневно. Исто така, треба да избегнуваат кофеин бидејќи, како диуретик, кофеинот поттикнува зголемено мокрење и може да доведе до дехидрација. Дехидрацијата, пак, може да предизвика намалување на нивото на плодовата вода и предвремено породување.

Многу чаеви содржат кофеин, па затоа не се препорачуваат за трудниците, но не сите се непожелни. Еве кои чаеви може да се пијат за време на бременоста.

Многу поддржувачи на алтернативни методи на лекување веруваат дека пиењето одредени видови билни чаеви е одличен начин за одржување на здравјето на трудницата и бебето. Билните чаеви често се дополнителен извор на хранливи материи, како што се калциум, магнезиум и железо. Сепак, поради недостигот на научни истражувања на оваа тема, лекарите поттикнуваат на претпазливост при изборот на чаеви.

Билни чаеви се оние што се направени од корења на растенија, бобинки, цвеќиња, семиња и лисја на различни растенија кои не се чај.

Ова значи дека небилни чаеви се сите оние што не се направени од билките. Главната разлика помеѓу првите и вторите е токму количината на кофеин. Вистинските билни чаеви не содржат кофеин. Од друга страна, дури и бескофеинските сорти на небилни чаеви содржат траги од кофеин. На оваа количина влијае времето на ферментација, варењето и видот на чајот и големината на листовите.

Тоа не значи дека не се безбедни за трудниците, но секако се укажува дека не треба да се претера со нив. 1-2 шолји зелен чај не можат да ви наштетат, но сепак прашајте за алтернативи на кофеинските пијалаци.

Чај од ѓумбир

Овој чај, кој е пријател на секој стомак, е пријател и на трудничкиот стомак. Не само што е добар за трудниците, туку помага и при голем број различни настинки и болки во грлото. Причината зошто ѓумбирот е многу корисна намирница за време на бременоста е фактот што го поттикнува варењето и ја ублажува мачнината. Ова го прави совршен пијалак за мајките кои страдаат од утрински мачнини.

За да уживате во овој чај, исечкајте неколку парчиња свеж ѓумбир и додајте ги во чајник наполнет со вода. Кога ќе се сварат парчињата, извадете ги, додајте малку мед и лимон во чајот и уживајте.

Чај од листови од малина

Веројатно најпознатиот чај за бременост – чајот од листовите малина, многу често им се препорачува на трудниците и другите жени поради неговото позитивно влијание врз матката. Се верува дека помага во тонирање и зајакнување на мускулите на матката, подготвувајќи ја за породување. Но, тоа не е неговата единствена предност. Овој чај е богат со магнезиум, калиум, витамини од групата Б и железо. Затоа се препорачува и за жени што имаат болни менструални грчеви или стомачни проблеми.

Токму поради стимулацијата на матката, овој чај не се препорачува во првото тримесечје.

Чај од нане

Чајот од нане има смирувачки и релаксирачки ефект бидејќи го смирува желудникот. Имајќи предвид дека металоиди и утрински мачнини доаѓаат со бременоста, овој чај може да биде идеален за трудници. Нането помага во ублажување на надуеноста и природно ги смирува цревата. Освен тоа, ако пиеме чај од нане пред спиење, тој ја намалува напнатоста во мускулите, нѐ ослободува од стрес и го зголемува квалитетот на сонот.

Роибос чај

Овој јужноафрикански чај, кој понекогаш се нарекува „црвен чај“, не содржи кофеин и затоа се смета за побезбеден за консумирање од зелениот или црниот чај, особено за децата и бремените жени.

Чајот роибос му помага на телото да го апсорбира железото, минерал кој е многу важен за време на бременоста, но и при закрепнување од породувањето. Магнезиумот во чајот игра улога во одржувањето на здравјето на нервниот систем и смирува. Овој чај е богат извор на калциум и флуор, кои играат многу важна улога во одржувањето и зајакнувањето на забите и коските. Во својата татковина, роибосот отсекогаш се користел како лек за разни стомачни и дигестивни заболувања.

Чај од коприва

Чајот од коприва за време на бременоста е хранлив и за мајката и за бебето. Богат е со магнезиум, калциум и железо, минерали кои се многу важни за време на бременоста. Копривата помага при стомачни заболувања како што се запек или надуеност, но и артритис, астма, алергии, анемија, па дури и за здравјето на простатата кај мажите.

Копривата е честа состојка во чаевите за доилки, бидејќи ја поддржува лактацијата, односно производството на мајчиното млеко. За најдобри резултати, побарајте чај од лист од коприва, а не од корен.

Чај од брусница

Инфекциите на уринарниот тракт се многу чести за време на бременоста. Во случај на повторена инфекција, лекарите имаат тенденција да им препишуваат антибиотска терапија на трудниците во текот на целата бременост, со цел да се спречат понатамошни инфекции. Брусницата не треба да се користи како замена за соодветна медицинска нега, но многу научни студии покажале дека може да спречи инфекции на уринарниот тракт.

Ако знаете дека сте склони кон инфекции на уринарниот тракт, разговарајте со вашиот здравствен работник за користење препарати од брусница, како средство за спречување можни инфекции.

Изложеноста на антибиотици за време на бременоста може да има долгорочни ефекти врз бебето, вклучително и развој на астма и воспалителна болест на цревата. Затоа, хербалната алтернатива е среќна околност.

Чај од маточина

Чајот од маточина има смирувачки ефект и помага во случаи на раздразливост, несоница и анксиозност. Има сличен ефект и арома на чај од пеперминт, збогатен со вкус на лимон. Го зголемува апетитот, помага во стабилизирање на отчукувањата на срцето, го тонизира телото и ги ублажува грчевите во мускулите. Така, може да помогне во случаи на гадење и повраќање за време на бременоста.

Чај од мајчина душица

Чајот од мајчина душица е познат по својот вкус, но трудниците треба да бидат многу внимателни со него. Можат да го пијат во ограничени количини и само по консултација со својот лекар или гинеколог.

Мајчината душица е антисептик, диуретик и дијафоретик. Може да го зголеми тонусот на мускулите на матката и крвниот притисок. Сепак, е богата со микронутриенти, витамини од Б комплексот и витамин Ц, кои се од витално значење за време на бременоста. Овој чај се препорачува за лекување грип за време на бременоста, бидејќи го стимулира потењето, што му помага на телото да се ослободи од токсините.

Воопшто не се препорачува доколку имате висок крвен притисок и болести на срцето или тироидната жлезда.

Чај од анасон

Кога станува збор за чаевите кои не се дозволени за време на бременоста, многумина тврдат дека чајот од анасон е еден од нив. Неколку студии покажале дека семките од анасон не се безбедни за бремени жени. Тие можат негативно да влијаат врз способноста за згрутчување на крвта, здравјето на кожата, па дури и да предизвикаат спонтан абортус.

Сепак, чајот од анасон може да се консумира во ограничени количини, но како и со другите намирници, најдобро би било да проверите во кои количини и во кое време е најдобро за вас и вашето дете.

Чај од глуварче

Богат со витамин А, калциум и железо, чајот од коренот и листот од глуварче може да помогне во лекувањето на благиот едем и да го нахрани црниот дроб.

Чај од камилица

Поради високите количини на калциум и магнезиум, чајот од камилица помага и при несоница и воспаление на зглобовите.

Чај од луцерка

Содржи витамини А, Д, Е и К. Последниот витамин, витамин К – е исклучително неопходен во подоцнежната бременост бидејќи помага да се спречи постпородилно крвавење.

Извор



912

X