Бремените жени што чувствуваат мачнина поголемиот дел од бременоста, повраќаат и слично, имаат тенденција да родат попаметни деца.
Истражувачите од болницата за деца во Торонто, Канада, откриле дека мајките што страдаат од утринска мачнина во текот на бременоста, меѓу кои и состојбата од која страда Кејт Мидлтон – „Hyperememsis Gravidarum“, имаат тенденција да родат деца со повисок коефициент на интелигенција. Студијата истражувала 121 дете на возраст помеѓу 3 и 7 години чии мајки страдале од сериозни утрински мачнини во бременоста.
Експертите откриле дека овие деца имаат поголема веројатност да имаат повисок коефициент на интелигенција и да бидат подобри на тестовите за меморија и јазични вештини.
Мачнината може да погоди околу 80 отсто од бремените жени, а половина од нив во најголем број случаи повраќаат. За некои жени овие симптоми може да траат во првите 12 недели од бременоста, а некогаш и повеќе, па дури и во последното тримесечје.
Истражувачите веруваат дека хормоните од бременоста што се поврзуваат со утринските мачнини имаат позитивни ефекти врз развојот на мозок кај фетусот.
– Откритијата посочуваат дека мачнината и повраќањето во бременоста не се штетни и, всушност, може да го подобрат менталниот развој на децата на долгорочен план – вели водечкиот истражувач д-р Ирена Нулман.
Ова се добри вести за идните мајки што се борат со непријатното чувство на мачнина секој ден од почетокот од бременоста.
Автор: Франсис Шин