Возраста на која се појавува депресијата како нарушување на психолошкото здравје кај децата е се помала. Таа не ги бира само девојчињата или пак само момчињата.
Основната општествена причина за појава на ваквата состојба кај децата е наметнување на психолошки притисок дека мора да се однесуваат на одреден, најчесто најпосакуван начин за општеството ако сакаат да бидат прифатени и сакани. Со други зборови тоа би значело, ако детето го прави она што навистина го сака многу е помала веројатноста да биде депресивно и обратно ако детето се труди да ги задоволи другите во однос на нивните барања и очекувања ќе стане длабоко несреќно за подоцна да биде неволно во однос на поставување на сопствените животни цели.


Депресијата може да биде од биолошка природа каде се создала хемиска нерамнотежа или дисбаланс во мозочната функција или од психолошка природа како на пример загуба на член од семејството, развод на родителите, нарушени односи со еден или со двата родители итн. Во ваквите ситуации детето се чувствува немоќно да ги промени околностите, па продолжува со оптимално функционирање откако ќе го прифати она што се случило. Кај тинејџерите ваквата состојба се манифестира со губење на контрола врз својот живот со чувство дека никој не ги прифаќа такви какви што се.
Всушност кога еден тинејџер нема одредена цел, не умее да се поврзе со другите особено врсниците, не е свесен за сопствените способности и таленти, не чувствува дека добива поддршка од семејството, сеуште е третиран со регресивни воспитни форми многу е веројатно да стане депресивен.

Христина Стефановска

Затоа сакам да истакнам неколку важни работи за кои родителите треба да бидат свесни уште додека децата се многу мали а воедно да превенираат развој на депресивни состојби:

  1. Децата интуитивно го набљудуваат однесувањето на родителите и нивните емоции
  2. Начинот на кој родителите ги воспитуваат додека децата се мали ќе има огромно влијание врз можноста да останaт поврзани со нив кога ќе станат тинејџери
  3. Не може да почнете да го воспитувате тинејџерот кога тој веќе станал тинејџер, затоа вклучете се во растењето на вашите деца додека се тие многу мали.
  4. Кој и да е родител , дали мама или тато треба да креира спомени со детето во кои ќе бидат само тие двајца насамо.
  5. Уважувајте ги особините на детето и стимулирајте ги неговите таленти
  6. Стимулирајте серотонин во мозочната функција на детето со насоки кон физичка активност и спорт, природа и сонце.
  7. Потребно е детето да го работи она што го сака и она што навистина му е важно, да биде опкружено со луѓето што ги сака.

    Автор: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти


912

X