Бебињата плачат веднаш штом ќе излезат од стомакот на мајката и тоа претставува музика за ушите на родителите, а често поради тој плач, на нивните лица се појавуваат солзи радосници. Кога првото плачење е јасно и гласно, тоа е знак дека бебето е здраво. Меѓутоа, откако ќе помине првата недела од животот на бебето, плачењето навечер може многу да ги умори родителите, особено мајката. За мајката целосно да закрепне од бременоста и од породувањето, потребен ѝ е одмор – нешто што тешко се добива ако на секои 2-3 часа (можеби и почесто) мора да го смири бебето. Но, како што покажува нова студија, доколку бебето постојано плаче, тоа е знак дека е паметно!

Бебето најмногу сака да биде будно од 18 часот до полноќ

– Постои врска помеѓу високото ниво на развој и интелектуалните достигнувања и будноста во текот на ноќта. Човечките потомци не се створени да спијат долг период. Тоа не е добро за нив, а нема апсолутно никакви докази дека постои каква било корист ако детето спие долго и доследно. Ова можеби не е она што повеќето родители сакаат да го слушнат – објаснува Питер Флеминг, професор за здравје на новороденчињата и развојна психологија на Универзитетот во Бристол, за „Buzzfeed“.

Бебињата обично сакаат да спијат во текот на денот, а од 18 часот до полноќ е времето кога сакаат да бидат будни. Од биолошка гледна точка она што бебето го прави е сосема нормално и едноставно не се вклопува во нашите очекувања во 21 век, додава тој.

Децата треба да бидат во близина на своите родители

Американската асоцијација за медицинско спиење (AASM) наведува дека постои препорачана количина на сон (вклучувајќи ја и попладневната дремка) одредена за еден ден:

Доенче (од 4 до 12 месеци) – 12 до 16 часа.
Деца од првата до втората година – 11 до 14 часа.
Деца од три до пет години – 10 до 13 часа.
Деца од шест до дванаесет години – 9 до 12 часа.

Американската асоцијација тврди дека адекватното спиење е важно за нивниот физички и емоционален развој и ја подобрува меморијата.

Професорот Флеминг додаде дека децата постојано треба да бидат во близина на своите родители, дури и за време на спиењето.

– Ако се вратиме еволуциски наназад во нашето минато, бебињата своето време го поминуваа во близок и постојан контакт со својата мајка. Тие спијат кога треба да спијат, а будни се кога треба да бидат будни, но постојано се со нивните мајки и тоа го олеснува доењето. Заедничкото спиење е начин на кој родителите треба да се однесуваат и доказите покажуваат дека ризикот од ненадејна смрт кај доенчињата се зголемува ако бебето спие во одделна соба. Тотална глупост е дека делењето на просторот за спиење со вашето бебе е погрешно  – вели тој.



912

X