Не грижете се, ова е нормална фаза од процесот на растење. Иако вашето дете досега било доста дружељубиво, сакало да оди кај други луѓе и не плачело поради тоа, сепак, на возраст од 7, 8 или 9 месеци тоа може да се промени. Во таа возраст детето сѐ подобро го разликува „познатото“ од „непознатото“. Инаку, тоа и многу порано може да препознае дека се приближува странец, но дури сега навистина станува свесно за овој факт. Не е чудно што наеднаш покажува дистанца кон непознати луѓе или не сака да оди во туѓи раце.

Зошто се случува ова?

Свесноста за тоа кој е околу него е всушност природен заштитен механизам кој го штити детето од неволја. Тој механизам има улога, сè поактивното дете (некои мали деца веќе лазат, а некои ги прават првите чекори) да не се одвојува премногу од мајката и таткото, односно да остане блиску до нив онаму каде што е најбезбедно. Разбирливо, овој механизам бил важен некогаш бидејќи на децата секогаш им се заканувале опасности во природата.

Како да се реагира во таа ситуација?

Како и во многу други необични ситуации во кои одеднаш ќе се најдете со дете, и овде важи слично правило – прифатете ја фазата. Детето навистина чувствува страв и не треба да биде принудено да биде храбро кога во моментот единственото нешто што му треба е да биде со вас. Бидете отворени за другите, не заштитувајте го детето однапред ако не покажува страв, но и не одбивајте да го заштитите доколку тоа го побара од вас. Колку помалку правите проблем од тоа, толку побрзо ќе помине таа фаза.

Извор



912

X