Игротека

Бебешки чекори и големи насмевки

Речиси е таму. Мислам, во однос на одењето. Толку многу е блиску, а сите се обидуваме да не му вршиме преголем притисок на детето додека тоа се обидува да ја стави едната нога пред другата, без помош од ничии раце и обидувајќи се да го помине килимот со само два големи чекори. Неговите раце го одржуваат стабилен, преку што било во околината – ниска полица, играчка или наборите на пар фармерки. Некогаш беа итни, сега овие фаќања повеќе го имаат плацебо-ефектот, повеќе како серија на помошни патерици отколку ставање на товарот на една рака. Тој е воодушевен, но не погледнува во неговите нозе за да го набљудува движењето кое претпоставувате дека е изворот на воодушевеност. Неговиот ум не е насочен на неговото тело воопшто, туку на нас, кои го гледаме, пишува британски „Гардијан“.

Чудно е да се сведочат работите што тој ги бара од телото, како што се обидува да постигне движење со двете нозе. Гледајќи го доволно долго, не може а да не се запрашате зошто не може да оди, па се запрашуваме како ние некогаш сме научиле. Малечко буренце поддржано од мали ножиња и ситни стапала кои се справуваат со сето она што им тежи над нив. Уште почудно е да се размислува дека телото некогаш ни било толку мало, вистинска мистерија дури и за нас. Ова е борба за мојот син секој ден. Дури и кога лази, се движи како дух на кој само што му била доделена телесна форма и е шокиран кога открива дека повеќе не може да помине низ пукнатините во ѕидовите. Не може никогаш да биде опишан како малечок дел од нешто, спореден дури и со кучиња од средна големина, но сепак се движи низ животот со ароганција на многу помал, полесно маневрирачки предмет.

Мрази кога го потсетуваме дека има уши или отпечатоци од прсти – факт кој е очигледен секојпат кога ќе се појави, од просторот во кој има само сомнително барање за неговото присуство. Повеќе пати секој ден тој е соочен со откритието дека не се вклопува во малиот простор помеѓу каучот и подот. Ќе се обиде да се лизне под него со надеж дека ќе го собере целото негово тело, преку силата на волјата, па ќе се искриви во дводимензионална форма и ќе се слизне кон неговиот изгубен предмет како пасивно-агресивна забелешка која знае да се појави под вратата од соседот. За жал, неговото тело е помалку „плик“, а повеќе „диња“, па крајниот резултат е фрустрација од секој краток, но жесток вложен напор.

Но, сепак, еве го, на неговото слетување во Даблин, опколен со група џинови кои навиваат да почне да оди, една нога по друга. Тој оди. Одењето се состои од два чекора, а и тие се изведени комично како движење на каубој со иритирачки синдром на цревата, но сепак е одење. Два мали чекори за човекот, можеби, но џиновски чекор за едно дете.

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top