Авторитетот на родителот не се подразбира, туку постепено се гради и стекнува. Како?

Еве неколку начини:

– Исфрлете го физичкото казнување, како и секое друго неконтролирано казнување. Ваквите казни ја покажуваат вашата слабост, неумешно снаоѓање во родителската улога.
– Не заканувајте се со казни кои не сакате или не можете да ги спроведете.
– Трпение. Не им е потребно само на вашите деца да им ги повторувате истите зборови неколку пати. Така е во сите семејства. Исто така, за време на разговорот покажете му на вашето дете дека имате време колку и да е потребно.

– Научете да го фалите вашето дете.
– Исполнете ги вашите ветувања.
– Поддржете го детето, покажете му дека имате доверба во него. Не подлегнувајте на општите предрасуди, на пример, дека почитувањето на возрасните е секогаш неопходно (напротив, многу неправди, злоупотреба, запоставување… доаѓаат од возрасните), дека наставниците се секогаш во право и слично. Многу е важно детето да знае дека во својот дом е прифатено со целокупниот свој пакет на особини. Вие на таков начин го одржувате својот авторитет, а на детето му давате можност за развој на личниот идентитет на здрава основа.
– Разговарате со детето за сè.

 



912

X