Во Америка, мајките имаат право да ги дојат нивните деца во јавност, но што ако се најдат во авион? Токму со ваков проблем се соочила Шелби Ејнџел од Калифорнија, откако имала лошо искуство со авиокомпанијата Кеј-ел-ем.

– Пред да полетаме, ми пријде стујардесата која носеше ќебе. Ми рече: „Ако продолжиш да доиш, треба да се покриеш“. Јас ѝ реков не, мојата ќерка не сака да биде покриена. Тоа би ја вознемирило исто колку што би ја вознемирило ако не ја дојам. Потоа, стујардесата ме предупреди дека ако некој се пожали, тоа ќе биде мој проблем со кој ќе треба да се справам (никој не се пожали, во текот на ниту еден лет немав проблем со никој. Всушност, никој никогаш не се пожали за моето доење освен оваа стујардеса).

Постот на Шелби привлече внимание, а нејзиниот разговор се прошери на „Твитер“, каде друга жена, Хедер Јем, ја праша авиокомпанијата Кеј-ел-ем да ја објасни својата политика на доење.

Фото: Twitter/Screenshot

Авиокомпанијата одговори: – Доењето е дозволено за време на летовите на Кеј-ел-ем. Сепак, за да се осигураме дека сите наши патници се чувствуваат удобно во текот на летот, мора да побараме од мајката да се покрие додека дои, ако патниците се почувствуваат навредено од ова.

На твитер-корисниците не им се допадна овој одговор, па побараа од другите авиокомпании да ги споделат нивните политики за доење.

Фото: Twitter/Screenshot

Авиокомпанијата „Бритиш Ервејс“ потврди дека одобрува доење во текот на летот, а авиокомпанијата „Делта“ потврди дека политиката на авиокомпанијата дозволува мајката да го дои бебето онака како што таа се чувствува дека ѝ е удобно.

Фото: Twitter/Screenshot

Време е секоја авиокомпанија да признае дека доењето треба да биде одобрено и дека сите членови на персоналот треба да го сфатат ова. Дали мајката сака да дои покриена или не е нешто за кое сама треба да одлучи, а не стјуардесата или другите патници.



912

X