Сè поголем е бројот на деца што се алергични на еден или повеќе алергени (одредена храна, полен, лекови, крлежи, животински влакна). Како можеме да им помогнеме, советува педијатарот д-р Билјана Узелац од Србија.

Алергиите можат да бидат предизвикани од одредена храна или други алергени од околината.

Зошто се јавуваат алергиите и зошто во последните години бројот на луѓе со овој проблем е во пораст?

Уште не се знае прецизно зошто се јавуваат алергиите, но дефинитивно се поврзани со имунитетот и нашите црева. На порастот на алергиите влијае и порастот на загадувањето на животната средина, стресот, како и електромагнетското зрачење од страна на телефоните, рутерите и безжичната технологија.

Пред сто години луѓето биле алергични на една, најмногу две работи, кога се работи за храната, а денес имаме алергии на најразлична и најчудна храна (на пример: на магдонос, лук, ананас), нешто што порано може да се каже дека не постоело. Тоа ни кажува дека нешто се променило во нашето тело, дека станува почувствително на повеќе фактори.

Постои теорија дека нашиот дигестивен тракт, поради стресот предизвикан од лековите, околината, емоциите и слично, станува попопустлив (наместо мембраните да бидат цврсти и силни со минимални отвори, поради стресот, се отвораат поголеми дупки во цревата и тогаш тие апсорбираат поголеми молекули на храна и токсини кои дополнително прават воспалителен процес во телото и, исто така, го збунуваат нашиот имунолошки систем кој не ги препознава, па телото почнува да реагира со алергии кон нив).

На која возраст најчесто се јавуваат алергиите и како изгледаат првите симптоми кај децата?

Обично не се јавуваат кај бебињата, туку подоцна, околу втората година од животот. Првите симптоми можат да бидат: минимално протекување од носот, насолзени очи или црвенило на кожата кога детето доаѓа во контакт со одреден вид храна.

Дали алергиите можат да се лекуваат и на кој начин?

Алергиите можат да се лекуваат на различни начини, во зависност од тоа што е предизвикувач на нивната појава.

Алопатската (западна медицина) користи фармацевтски препарати кои лекуваат симптоми: создаваат вештачка „нормална состојба“ во смисла да не ги чувствуваме симптомите на алергијата, но во нашето тело и понатаму се одвива алергискиот процес. Исто така, постојат вакцини против алергени кои не иритираат, чија смисла е да го зајакнат имунитетот да се избори со алергените и да се излекува. Идејата е добра и често се доаѓа до успешни резултати, меѓутоа, овие „алергени вакцини“ можат да содржат доста метали (алуминиум, на пример, или жива), кои можат негативно да влијаат врз нашето здравје.

Други методи на лекување се: акупунктура, зајакнување на цревата и цревните бариери со природни препарати, енергетска медицина итн. Исто така, во Америка постои NAET-терапија, која по природен и неинвазивен пат доведува до „десензитизација“ (намалување на негативната реакција) на организмот кон алергените, особено од храна.

Препорачувам да се отфрли храната која може многу често да има имфламаторно дејство врз нашиот организам (воспалителниот процес може да ги поттикне алергиите). Најчесто тоа се сите видови шеќери и процесирана храна, млечни производи и глутен.

Извор



912

X