Ако сте запознаени со Алберт Ајнштајн, веројатно мислите на него како за еден од најголемите физичари на сите времиња и чија слика е практично до зборот „гениј“ во речникот.
Но, покрај неговото огромно знаење, откритија и суптилна смисла за хумор, што друго го прави Ајнштајн толку феноменален?
Успехот на Алберт Ајнштајн во најголем дел се должел на неговата неограничена љубопитност, која предизвикувала непрекинати прашања и ослободувала огромна фантазија. Неговите зборови и мудри мисли се полни со инспиративно практични совети:
– Немам посебни таленти, само сум многу љубопитен – рекол тој.
Љубопитноста, верувале или не, е ментална вежба што го зајакнува умот. Следниот пат кога вашето дете ќе почне да ве прашува, прифатете ги прашањата и охрабрете го да прашува повеќе. На тој начин го поддржувате неговиот ментален развој.
– Ако знаевме што правиме, немаше да се вика истражување, нели?
– Важно е да не престанувате да прашувате. Љубопитноста има своја причина за постоење. Човек не може да не биде восхитен кога размислува за тајните на вечноста, на животот, на прекрасната структура на реалноста. Доволно е ако некој се обидува да сфаќа по малку од оваа мистерија секој ден.

– Животот е како возење велосипед. За да одржувате рамнотежа, мора да продолжите да се движите.
– Целта е да се развие детската склоност кон игра и детската желба за препознавање и да се насочи детето кон важни полиња за општеството. Таквото училиште бара од наставникот да биде еден вид уметник во неговата област.
– Сите големи достигнувања во науката почнуваат од интуитивното знаење, од кое подоцна се носи заклучок. Интуицијата е неопходен услов за откривање аксиоми.
– Малку знаење е опасно. Но, и многу знаење е опасно.
– Погледни длабоко во природата и ќе разбереш сè подобро.
– Ниту еден експеримент не може да ми докаже дека сум во право, ниту еден експеримент не може да докаже дека не сум во право.
– Паметен човек решава проблеми. Мудар човек ги избегнува.
– Имагинацијата е поважна од знаењето. Знаењето е ограничено. Имагинацијата може да го заобиколи светот.
– Ако не можеш да му објасниш на шестгодишно дете, тогаш и самиот не сфаќаш.
– Врховната уметност на наставникот е да разбуди радост во креативното изразување и знаење.
– Образованието е она што останува откако детето ќе го заборави она што го научило на училиште.
– Ако сакате вашите деца да се интелигентни, читајте им бајки. Ако сакате да бидат поинтелигентни, читајте им повеќе бајки.
– Највредното нешто што наставникот може да им го пренесе на децата не се знаењето и разбирањето, туку копнежот по знаење, разбирање и ценење за интелектуалните вредности без оглед дали се уметнички, научни или морални.
– Мора да почнеме да ги воспитуваме децата да бидат против милитаризмот, воспитувајќи ги во духот на пацифизмот. Нашите учебници ја величат војната и го кријат нејзиниот ужас. Јас попрво би предавал мир отколку војна.