Врсничкото насилство има многу форми, но за сите нив е заедничко тоа што децата изложени на овој вид злоупотреба обично се омаловажувани и социјално отфрлени и минуваат низ некои форми на агресија. Било да е вербално или физичко, насилството меѓу врсниците е сè уште една од најактуелните теми, најчесто во училиштата. Како што објаснуваат психолозите, родителите често не знаат како да реагираат кога ќе дознаат дека нивното дете е малтретирано.

Наместо тоа, тие често знаат да кажат една фраза која може да направи повеќе штета отколку корист. „Тој/таа е само љубоморен/а“, е реченицата која многу родители ја користат кога ќе слушнат дека нивното дете е жртва на малтретирање од некој негов врсник. Секако, можеби насилникот или детето е навистина љубоморно, но психолозите нагласуваат дека љубомората никогаш не е причина децата да бидат сурови, а уште помалку е оправдување.
Иако намерите на родителите кога ја користат оваа фраза можеби се добри, таа всушност е доста опасна. Еве зошто.

Една од причините е што посочувањето на љубомората ја поставува вината директно на малтретираното дете. Како што велат психолозите, поради ова верување детето може да добие впечаток дека е одговорно за малтретирањето, што не е точно. Детето може да се чувствува уште полошо, несигурно и може да биде склоно кон депресивни мисли.

Исто така, оваа вообичаена фраза за љубомора ја намалува или целосно ја отстранува одговорноста од детето кое малтретира друго дете. Љубомората никогаш не е оправдана причина за суровост, објаснуваат психолозите.

Извор



912

X