Воспитувањето на децата може да биде предизвик, а многу родители сметаат дека е природно да им кажуваат на своите деца што да НЕ прават за да не се повредат или да не направат нешто што би предизвикало непријатност. Сепак, советничката и аналитичарка за однесување Џена Мацило смета дека е лошо кога родителите им кажуваат на своите деца што не треба да прават.

Мацило верува дека изјавите како „стоп“, „не прави го тоа“ и „не“ се, всушност, голем дел од проблемот. Своето мислење аналитичарката го споделила во објава на „Инстаграм“, а со она што таа го кажала се согласиле многу родители.

-Еве за што се работи кога ги користиме тие изјави „не“ и „немој“. Никогаш не им кажуваме на децата што всушност треба да прават. Освен тоа, само им го привлекуваме вниманието на она што не сакаме да го направат – вели таа во видеото.

Ги советува родителите да пробаат поинаков пристап.

-Што треба да правиме наместо тоа? Кажете им на децата што точно сакате да прават. Наместо да кажете: „Не ставај ги нозете на столот“, кажете: „Спушти ги нозете долу“. Наместо да кажете „Не зборувај ми така“, кажете му на детето точно како сакате да се изрази – истакнува таа.

Таа смета дека со користење позитивен јазик родителите им даваат можност на децата да учат. Можеби децата не се обидуваат да им го уништат денот на своите родители барајќи нешто на груб начин, но не разбираат зошто начинот на кој тие бараат нешто не е најдобриот.

-Ако сакаме да бидеме кристално јасни за нашите деца да разберат што бараме од нив, треба да им кажеме што треба да прават, користејќи позитивни фрази и избегнувајќи „не“ и „немој“ – заклучила Мацило.

Советите што ги споделила на „Инстаграм“ им се допаднале на многу родители. За да им помогне уште повеќе, Мацило споделила и неколку корисни примери како да се заменат речениците што содржат „не“ со јасни формулации.

-Наместо да кажете: „Внимавај!“, обидете се со: „Држи се за оградата додека одиш по скалите“. Ако сте во продавница и детето допре нешто, немојте да му викате и да му кажете да не допира работи, туку обидете се со: „Да ги држиме рацете покрај нашето тело додека сме во продавница“.

Како последен пример ја издвоила ситуацијата кога се подготвувате да одите некаде, а вашето дете не е облечено. „Наместо: „Побрзај“, кажете му на детето: „Облечи ги чевлите за да бидеме подготвени да одиме“ – советува таа.

Извор



912

X