Воспитување

Ако родителот е тажен, ако трпи во бракот – тоа не е проблем на детето

Сакале или не, влијанието на родителите врз децата е огромно. Ова влијание продолжува дури и кога сме возрасни. Честопати нашите чувства кон мајките и татковците се амбивалентни, а љубовта коегзистира со гневот.

Справувањето со таквите измешани чувства може да биде многу тешко. Сепак, сето тоа е нормално. Но, ако тој процес ви го попречува животот, побарајте помош и терапија.

Денес сакам да истакнам еден аспект од негативните ставови кон родителите. Говорам за беспомошноста.

„Навистина ме нервира кога мајка ми ми ја прекинува работата бидејќи не може да нарача од онлајн продавница. Ако ѝ предложам да ја научам како самата да ја користи услугата за испорака, таа превртува со очите, не одговара, а потоа пишува нешто за влошување на нејзината здравствена состојба“.

Таа манипулира со чувството на вина кај детето.

Сигурна сум дека слична приказна доста често им се случува на речиси сите што се во нивните 20-ти или 30-ти години, додека нивните родители се двојно постари од нив.

Реакциите се различни.

Јас и самата сум малку таква мајка. Имам проблеми со ориентацијата и понекогаш се губам. Обично го молам син ми за помош, а тој главно не се нервира поради моите барања.

Па зошто некои деца се лутат на своите родители, а други не? Гневот обично се јавува кај децата кои биле принудени да ја преземат родителската улога, во семејства каде што улогите биле измешани. Каде што мајката често го користела детето како рамо за плачење. Таканареченото „родителство“ на децата често се случува во семејства погодени од алкохолизам, кога детето буквално е принудено да се грижи за возрасните.

Тоа може да се случи и во растурени семејства, на пример, мајката е депресивна и оставена сама. Своите психолошки и семејни проблеми несвесно му ги пренесува на детето. Во конфликтните семејства децата често се вклучени во решавањето на проблемите во односите, слушајќи ги меѓусебните обвинувања на нивните родители.

Понекогаш тоа особено се однесува на беспомошноста: „Не знам како да го направам тоа“, „Не можам да се јавам на телефон“, „Се плашам да прашам“.

Но, не би требало да биде вака.

Родителот треба да го поддржува детето, а не обратно. Дури и да не знае или ако не може да направи нешто, ако е тажен, ако страда во бракот – сето тоа не е проблем на детето.

Се надевам дека сега ја разбирате теоретската природа на вашиот гнев кон вашите родители кога тие се однесуваат беспомошно.

Автор: Елена Кислова

Извор

Поврзани написи

Прашај психолог

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти соработници на Деца.мк.

To top