Би било добро да не ги спомнувате зборовите „дебели“ и „здебелување“ пред децата, затоа што начинот на кој зборуваме за храната и телото е многу важен

Речиси на секое дете му е позната реченицата „Ако не изедеш се од чинијата, нема да добиеш чоколадо“, и е родителска фраза која е присутна во речиси секој дом. Но, една од најпознатите нутриционистки во светот, експертка за диети и блогерка, Линди Коен, тврди дека токму поради тоа што родителите ги тераат децата да изедат се од чинијата, придонесуваат децата подоцна во животот да почнат да се прејадуваат.

Поради тоа, Коен препорачува 10 работи кои не смеете да ги правите или изговорите пред децата ако сакате тие да развијат здрав однос кон храната.

1. Преголема порција

Коен прашува: Сакате ли да ги научите вашите деца да престанат да јадат кога се сити, без оглед на тоа дали изеле или не се што сте им ставиле во чинијата? Па, можеби сте им дале преголема порција.
Тоа што ги терате да изедат се ги поттикнува да се прејадуваат и на крајот да почнат и емоционално да се прејадуваат кога ќе пораснат, вели нутриционистката.

2. Добра и лоша храна

Коен вели дека за храната не треба да се зборува како за лоша и добра храна. Дури и за брзата храна, вели таа, не би требало да велите дека е лоша. Наместо тоа, таа предлага храната да ја поделите на онаа која е во ред да се јаде често и храна која е ОК да се јаде само понекогаш.
-Етикетирањето на храната како лоша ја демонизира. Ако децата мислат дека брзата храна е лоша, можат да почнат да ја јадат криејќи се од вас или да почнат да имаат грижа на совест која ја јадат, а тоа подоцна може да доведе до емоционално прејадување или до јо-јо диета – предупредува Коен.

3. Не спомнувајте го здебелувањето

Би било добро да не ги спомнувате зборовите „дебели“ и „здебелување“ пред децата, затоа што начинот на кој зборуваме за храната и телото е многу важен.

4. Не омаловажувајте никого

Пред децата никогаш немојте да зборувате за сопствениот изглед или за изгледот на некој друг.
-Кога така коментирате пред децата, не ги учите да се хранат здраво, туку ги учите да го мразат својот или нечиј друг изглед и ги учите да се загрижени за нивната килажа – вели нутриционистката.

5. Мали пробирливци

На детето не треба да му велите дека е пробирливо.
-Ќе почне да се идентификува со тоа и ќе почне да верува дека е тоа вистина. А вистината всушност е дека тоа најверојатно е само фаза во нивното растење. Не му давајте премногу значење на тоа што детето не сака да јаде се. Обидете се да направите оброци во кои ќе ужива без стрес или направете атмосфера во која со задоволство детето би пробало нова храна – додава Коен.

6. Без „браво“

Немојте да му честитате на детето што изело повеќе од вообичаено, вели нутриционистката, бидејќи ќе го наведете да верува дека е подобро што јаде повеќе. Децата, додава таа, треба да јадат кога се гладни, а тоа тоа може да биде повеќе или помалку, зависно од тоа колку во тој момент се гладни.

7. Ниту збор за слабеење

Не држете диета и не зборувајте за неа пред децата, бидејќи и тие можеби ќе почнат да размислуваат за намалување на порциите или да почнат да избегнуваат некои намирници.
Коен вели дека родителите мораат да им покажат на децата што е здрава храна преку сопствени примери, односно тие со нивната исхрана да им бидат пример на децата што е здрава храна.

8. Забавно хранење

Нутриционистаката Коен советува да не им дозволувате на малите деца да ја поставуваат масата за јадење, бидејќи тоа е здодевно за нив. Место тоа, вели таа, дозволете им да ви помагаат во кујната и научете ги низ игра да уживаат во тоа. Зависно од возраста, децата би можеле да ги сечкаат состојките за ручекот, да ја мешаат салатата…

9. Јадењето и телевизијата не одат заедно

Кога јадете гледајќи телевизија го програмирате мозокот да биде гладен секој пат кога гледате во телевизорот. Освен тоа, вели Коен, телевизијата им го одвлекува вниманието на децата и прави да не размислуваат на храната, па така често и се прејадуваат.

10. Без нервирање

Коен порачува да не се нервирате ако оваа листа со совети ви изгледа предолга и ако понекогаш не се придржувате на овие правила.
-Извинете се или објаснете зошто сте погрешиле, поправете се ако сте кажале нешто што не требало да го кажете пред децата и потсетете ги дека ќе ги сакате секогаш, без оглед на нивната килажа. На децата им е потребно да слушнат дека се добри онакви какви што се- советува Коен.

 



912

X