Истражувањата на сингапурските научници покажуваат дека децата кои знаат дека се излажани почесто и самите ја развиваат оваа навика. Студијата на Технолошкиот универзитет „Нанјанг“ го следела однесувањето на 564 деца на возраст меѓу 11 и 12 години за да го истражи влијанието на родителските лаги врз искреноста на детето.

„Лошата вест за родителите е дека понекогаш искреноста може да биде најдобра“, вели психологот кој учествувал во истражувањето, д-р Сетох Пеи Пеи. Тој предупредува дека иако „белите лаги“ можат да бидат добронамерни, ако децата сфатат дека родителите ги лажеле, тоа може да поттикне лаги од нивна страна. Во истражувањето, лагите биле поделени во две групи: инструментални и бели лаги.

Инструментални се оние што родителите ги користат за да ги натераат децата да го променат своето однесување, на пример, со тоа што велат дека немаат пари ако децата молат за нови играчки.

Белите лаги се класифицирани како оние што се користат за подобрување на емоционалните чувства на децата, на пример, велејќи дека „убаво“ свират на пијано кога всушност лошо свират.
Истражувачите прашале колку често родителите изговараат, односно децата слушаат изрази кои се поврзани со инструментални или бели лаги. Децата, пак, биле прашани и колку често ги лажат своите родители. Ги прашале и родителите колку често ги лажат своите деца.

Инструменталното лажење на родителите било значително поврзано со детското лажење, додека белите лаги биле поврзани со детското лажење доколку децата биле свесни оти се излажани.

„Затоа, инструменталното лажење значително ја зголемува веројатноста дека децата ќе ги лажат своите родители“, заклучува д-р Пеи Пеи.

Извор



912

X