Ако детето навистина има среќно детство,
нема да добива сè што ќе посака.

Ќе научи дека е во ред нешто и да нема
и дека целта на она што го има – е да се дели.

Ако детето навистина има среќно детство,
ќе научи кои граници не смее да ги премине.

Што е важно да се премолчи, што е важно да се каже.
Што значат трпението, почитувањето
И држењето на дадениот збор.

Ако детето навистина има среќно детство,
ќе спознае како тагата дава длабочина на животот,
како стравовите и лутината може да штитат од зло
и како радоста е само една боја од палетата на чувства.

Ќе научи дека вистинска среќа е да се користи целата палета
за хармонија на сите нијанси на автопортретот.

Ако детето навистина има среќно детство,
нема да му биде лесно.
Нема да биде заштитено од животот.
Ќе се сретне со маки, прашања и дилеми
и така ќе стекне способност да решава проблеми.
Ќе научи да ја разликува својата вистина од она што му го нуди светот.
Ќе научи да ги препознава потребите на својот единствен темперамент.
Ќе научи да препознае човек меѓу илјада луѓе.

Ако детето навистина има среќно детство,
ќе умее за себе и за другите да се грижи.
Нема да сака да руши, ќе сака да создава.
Ќе има храброст да тргне по патот кој го довикува.
Ќе има смелост да сонува и да остварува соништа.

Ако детето навистина има среќно детство,
ќе научи да ги сака другите како себеси.
Да го цени животот. Да чувствува благодарност.

Ќе стекнува неколеблива вера,
вистинска радост и мир.

Ако детето навистина има среќно детство – ќе стане човек.
Вистина е.
Под кои било животни околности
детството може да биде среќно.

Извор



912

X