Секое дете понекогаш е вознемирено и тешко е да се справите со него. Но, кога е така, постои вообичаена фраза од два збора што никогаш не треба да ја кажете: „Смири се“. Тоа го вели Рејчел Ромер, коосновач на „Гилд“, компанија за поддршка во образованието, а воедно е и мајка на две деца.

„Смиреноста најдобро се учи преку демонстрација, што е особено точно кога станува збор за децата. Да му кажете на детето да се смири кога е загрижено и вознемирено е најлошото нешто што можете да го направите“, вели таа.

Психолозите Брене Браун и Вартон Адам се согласуваат со неа. Зборовите „смири се“, не ги потврдуваат емоциите на детето и не му помагаат да ги разбере сопствените чувства.

„Алисон Вуд Брукс, во 2014 година, објавила труд каде што открила дека 80 проценти од луѓето им велат на вознемирените деца и возрасните да се смират. Ова е контрапродуктивно бидејќи знаеме дека анксиозноста е интензивна емоција која не исчезнува сама од себе“, објаснува Грант.

„Вуд Брукс открила дека наместо смирување, би било подобро да се опише анксиозноста како возбуда и да се каже дека емоцијата што ја доживуваме е неизвесна и дека е можно нешто лошо да се случи, но исто така е можно да се случи и нешто добро“, објаснува Грант.

Родителите можат да направат слична вежба со своите деца и преку разговор да ја заменат фразата „смири се“, со „Знам дека си возбуден/а, но…“

Извор



912

X