Немам свои граници. Јас сум мајка која премногу сериозно ја сфати идејата дека да се биде родител, значи да се биде безбедно пристаниште и канта за негативните емоции на моите деца.

Бидејќи сакам да се чувствуваат целосно прифатени, им дозволувам сите негативни емоции да ги истресат врз мене. Да бидат мали дивјаци за кои јас сум вреќа за удирање, тогаш кога сите други имаат некакви очекувања. Не сакам ништо да потиснуваат, бидејќи тоа е општо познато – сè што нема да го извадите од себе, еден ден станува болест. Понекогаш фатално.

Само, понекогаш ми оди тешко. И јас имам емоции, стрес, нервите ми се тенки, а и уморна сум. Ме гази шефот, ме газат на пошта, на лекар, па кога ќе дојдам дома, тие на кои најмногу им давам, не само што не ме ценат, туку колку сум подобра со нив, толку се полоши кон мене.

Сакам само половина час мир, да си дојдам на себе, но тие не ме оставаат, веднаш се тепаат, па доаѓаат да се жалат. Им објаснувам дека не е убаво, а тие се тепаат додека јас зборувам. На ручек се муртат, едвај каснуваат две залачиња, а потоа одат и вадат грицки и благо. За џабе зборувам, тие не слушаат. Мислам дека имаат некаков прекинувач во главата и го исклучуваат на звукот на мојот глас, за да не им пречи. И онака не би ме послушале, дури и да ме слушнат што зборувам.

Секогаш работите завршуваат на ист начин: мене ми пука филмот и врескам. Сите работи што знам дека не треба да ги правам. Не може човек, секој има свои граници, па и јас. Толку ме лутат, ме полудуваат, толку се нервирам, што заборавам и на сите работи.

Барем да помагаше. Барем да го добиев тој половина час мир, кога веќе им создавам доживотна траума. Не. Само се влошуваат работите. Јасно гледам дека ни најмалку не им е гајле што за малку ќе се онесвестам од нервоза. Дури и се прашувам дали сето ова ми го прават намерно.

И знаете што заклучив? Можеби едноставно не функционираат така работите. Ако сум нечија канта, ако им дозволам да фрлаат сè што можат, тогаш не сум добра кон нив. Можеби добиваат само нечистотија, она што останало од кантата, кога кога конечно ќе се отвори, од неа излегува отпадот. Последиците доаѓаат, сакале или не, во моментот кога кантата веќе не може да биде затворена. И не постои човек што во одреден момент нема да експлодира.

И тогаш седнав и си напишав голем потсетник и го залепив на фрижидерот: „Јас и себеси и ним сум им потребна во добра состојба, и физичка и психичка. Јас ги одредувам моите граници, а не дебелината на моите нерви. Јас не сум канта, туку личност; Напорно работам секој ден за да имаат што да јадат, што да облечат, каде да живеат и да бидат здрави. Веќе им давам многу. Не морам да им дадам сè. И не само што не морам, туку не смеам ни да се обидам затоа што, ако повторно го направам истото, децата повторно ќе добијат предност кога ќе им се предаде кантата.

Сè уште не сум ставила сè под контрола, но ги направив првите чекори. Се борев половина час кога ќе се вратев дома. Прво, морав да ги расчистам работите со себе и со мојата грижа на совест затоа што барав нешто за себе. Тогаш кога измерив сè и сфатив дека имам право на тие половина час и дека ги заслужувам, сè стана полесно. Сега знаат дека ако не ги добијам, нема да добијат нешто вредно за нив. Отпрвин не ми веруваа – беа навикнати дека само зборувам, но не дејствувам. И кога го сфатив тоа, ме повреди. Па зарем дозволив зборот да ми биде толку евтин?! Навистина сакав да ја вратам цената на мојот збор. Не беше лесно да ги гледам како седат дома, а веќе испланиравме да одиме во кино. Посебно ме болеше што слушнав дека филмот е одличен и многу поучен и дека сега пропуштија образовна можност. Потоа пак седнав и размислував, па на таа хартија на фрижидерот додадов: „Да растеш со мајка која има интегритет е ПОЕДУКАТИВНО од кој било филм“.

И не само тоа. Кога престанав да толерирам и да голтам сè што воопшто не ми се допаѓа, кога си поставив јасни граници, некако станав поопуштена и помирна, а децата како да ме слушаат повеќе дури и кога нема закани за последици. Мислам нешто, не само што човек не може да остане ментално цел кога другите си играат со неговите нерви, туку и другите околу него не можат да бидат добри. Порано не можев да кажам ништо со нормален глас, дури и кога им ги рецитирав најљубезните фрази, внимателно препишани од книгите за родители. Вашето незадоволство секогаш некаде излегува на површина и децата го слушаат. И тогаш се чувствуваат нападнати и се разбира, реагираат злобно, дури и на своја штета. Тоа ти е како маѓепсан круг: немаш граници – децата не те почитуваат – ти си незадоволен – им викаш (или си лажно љубезен) – уште помалку те слушаат – уште помалку си задоволен – викаш уште повеќе (или се уште понеубедливо љубезни)…
И така… сега работиме на тоа кога ќе побараат нешто од мене, тоа да биде со „те молам“ или „дали може“, а не само со „ќе“ и „дај ми“. Теоретски, ништо полесно – кога вашето дете ќе ве замоли да му турите чаша вода или сок – ако не побара на убав начин – нема да добие.

Не одат работите лесно, но некако одат. Сè уште сакам да бидам тоа безбедно засолниште за моите деца, но сега знам дека безбедните пристаништа имаат цврсто изградени насипи за брановите да не ги скршат и да не ги однесат бродовите на отворено море. Ги градам, иако малку несмасно, камен по камен, но сè посигурно.

Автор: Јована Папан
Извор



912

X