Со денови размислувам за инсистирањето на фразата „во корист на учениците“. Се прашувам што всушност значи тоа. Наставникот треба да работи во корист на учениците, велат сите. Добро. Секако, се подразбира дека сето она што го правам како наставник треба да поттикнува и влијае врз стекнувањето знаења и вештини на моите ученици. Затоа ја избрав професијата што ја работам, на која ѝ припаѓам и од која нема да се откажам.

Но, кога ќе завладеат емоциите на родителите, многу работи го менуваат нивното значење. Во тој случај, работењето „во корист на нивното дете“ добива ново значење, нова димензија која оди во спротивност со суштината. Во толкувањето на некои тоа значи: дај му подобра оценка, разбери и она што не може да се разбере, замижи и кога ќе воспоставиш правило, не биди пребирлив, не барај премногу – едноставно, направи сѐ за да го усреќиш детето.

А што ако зборот „корист“ го замениме со „благосостојба“? И ако интересот ѝ отстапи место на смислата? Значи, го правиме она што е добро за детето, а ние возрасните знаеме дека таквите работи понекогаш не се пријатни.

Наставниците ги подготвуваат своите ученици за живот, а покрај убавите работи, прават и помалку убави работи, вклучувајќи и некоја неправда. Зарем не треба да се фокусираат на работата, посветеноста, истрајноста, чесноста, на борбата за постигнување на целта? Да, патот до тие вредности не е лесен, но секој чекор дава моќ. Учењето не е лесно, но не значи дека треба да се откаже од знаењето. Да, има неправди, но и тогаш треба да се снајде и да не се откажува.

Ги учиме дека знаењето е единственото богатство што никој не може да им го одземе! Тоа е придобивка за нив, нивна иднина. Тоа му дава значење на секој човек. Не им даваме некои моментални задоволства во форма на број со децимална нотација. Не ги учиме дека секогаш ќе има некој што ќе интервенира поради нивното незадоволство, што ќе бара наместо нив. Да не им ги одземеме способностите во кои се подобри од нас, возрасните.

И затоа не работам во корист на моите ученици, туку за нивно добро.

Автор: Тамара Седлан
Извор



912

X