Експертите веруваат дека детето се раѓа со еден вид „генерализирана“ емоционална интелигенција која го одредува потенцијалот за учење емоционални одговори кои мора да се научат во текот на растот и развојот на детето. Возрасните треба да моделираат емоционално интелигентна личност. Добро познат факт е дека децата учат со набљудување на однесувањето на друга личност (модел) и последиците предизвикани од однесувањето на тој модел. Родителот секако претставува еден од најсилните модели на учење на детето. Набљудувајќи ги родителите, детето гледа како вие реагирате на фрустрација и колку сте „присутни“ во сопствениот живот, односно дали и колку сте свесни за сопствените емоции и за емоциите на другите луѓе.

Бидете спремни на детето да му кажете „не

Светот е полн со интересни работи за децата, па многу е веројатно дека и вашите деца ќе бараат многу работи. Со тоа што ќе му кажете „не“ на детето, му давате можност да научи да се соочува со фрустрации и разочарувања, да ги контролира сопствените импулси и да развие трпение. Еден од најважните принципи на развојната психологија и психологијата воопшто е дека детето расте „низ фрустрацијата“. Како родител, вашата задача е повремено да му дозволете на вашето дете да биде фрустрирано и да научите да се справувате со тоа на соодветен начин. Децата што секогаш го добиваат она што го сакаат се лишени од доживотна можност за раст и развој и обично се чувствуваат несреќни и склони кон развој на депресивни симптоми. Научете го вашето дете да препознае што сака.

Еден од основните аспекти на емоционалната интелигенција е препознавањето на чувствата, потребите, желбите. Често прашувајте го: „Што чувствуваш?“ или „Што сакаш?“ и самите бидете модел за тоа. Наместо директно да го карате детето, кажете: „Сега сум толку лут/а!“ Именувајте ги емоциите, какви и да се тие, и научете го вашето дете да го прави истото. Познавањето на сопствените желби се смета и за важна вештина во зрелоста бидејќи колку возрасни луѓе живеат животи што не ги сакале затоа што не можеле јасно да артикулираат „Што е тоа што го сакам?“

Вежбајте го трпението на вашето дете

Трпението е вештина која се развива бавно и постепено, во подолг временски период (од 1 до 18 години). Никогаш не е рано или предоцна да се почне да се практикува трпеливост со децата. На пример, додека чекате ред во продавница, кажете му на вашето дете: „Ајде да вежбаме трпение!“ Важно е да ја именувате вештината што ја практикувате. Разговарајте за тоа што значи, како би можело да биде и слично. Исто така, разговарајте за начините на кои може да се развие трпение и дајте му примери на детето како да заштедите пари за нов велосипед за неколку месеци, како да го дочекате викендот за да си игра со другарче или некој сличен пример кој има смисла за вашето дете.

Научете го детето на одговорност

Кога вашето дете ќе потпорасне, можете да го научите на одговорност. На пример, наместо „Земи ги капата и ракавиците“, можете да прашате: „Што ти треба кога се подготвуваш за во градинка?“ Постојаното кажување на децата што треба да направат придонесува за развивање на нивната самодоверба, независност и одговорност. Ако вашето дете нешто згреши, запомнете дека е важно да имате подготвен смирен и логичен одговор.

Вклучете ги децата во домашните активности

Многубројни истражувања потврдуваат дека децата што извршуваат домашни активности уште од мали нозе имаат поголема веројатност да бидат среќни и успешни во животот, најмногу поради тоа што чувствуваат дека припаѓаат на своето семејство и се важен дел од него, како и тоа дека придонесуваат на свој начин. Покрај горенаведеното, тоа секако е уште еден начин да ги научите децата на независност, самодоверба и одговорност.

Вашите деца се прекрасни. Нема подобар начин да изградите емоционална интелигенција кај вашите деца од тоа да ги гледате како убави и способни.

Ако ги гледате вашите деца како прекрасни, тоа и ќе го добиете од нив. Но, ако ги сметате за проблем, ќе добиете многу „проблеми“. Сè е прашање на перцепција.

Извор



912

X