Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Моето дете има три и пол години. Знае да зборува, да брои до десет, кажува песнички, но кога сме надвор или одиме некаде, се повлекува, се пика во мене и ништо не зборува. Не сака да игра со дечиња и не оди во градинка, бабата го чува. Ако дојде некој дома, седнува и не мрда.

ОДГОВОР: Ова е возраст во која веќе е почнат социо-емоционалниот развој кај детето, со тоа што тој ќе зависи од природата и темпераментот на детето, воспитниот стил и стимулативната средина.


Во вашиот исказ малку го опишувате детето и неговите одлики, способности и карактеристики како профил на дете. Социјалната инфериорност и повлеченост може да биде одраз и на мала интеракција со врсници и други возрасни лица. Детето не посетува градинка, односно го чува баба. Со тоа детето нема каде да ја вежба и практикува таквата социјалност, па без тој тренинг лесно може да се чувствува некомпетентно во социјалниот простор.
Исто така, заштитничкиот воспитен стил влијае врз социјалните интеракции кои детето ги создава со околината, таквиот стил создава перцепција кај детето дека надворешниот свет е закана и лесно може да му го наруши чувството на безбедност. Осознавањето на природата на детето во смисла дали се работи за интровертно или екстровертно дете, воспитниот стил и просторот за тестирање на социјалните вештини се основа за решавање на таквата социјална инхибиција.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Хармоничен свет“, е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.



912

X