Доењето е процес што се учи. Тоа значи дека веројатно имате многу прашања поврзани со доењето, на пример, дали е нормално да имате болка додека доите и колку долго да го храните вашето бебе.
Новите мајки ќе имаат потреба од информации додека се навикнуваат на процесот на доење по раѓањето.
Еве неколку работи што треба да ги имате предвид во текот на првата недела од доењето (и понатаму).
- Држете го бебето блиску до вашата кожа;
- Типично е доењето на секои 1,5 до 2 часа;
- Ставањето на рацете свиткани во тупаници во устата и мласкањето со устата се знаци за глад;
- 3 до 5 столици и 5 до 6 влажни пелени дневно е нормално.
Во продолжение ви даваме преглед на првата недела од доењето на новороденчето: што е нормално и што треба да правите ако имате проблеми.
Доење во првите неколку часа по раѓањето
Бебињата се подготвени да почнат да јадат во рок од 45 минути до еден час по раѓањето. Ако сте во можност, ова е одлично време за првото хранење. Постојат докази дека доењето во првите два часа по раѓањето води до подолго времетраење на доењето со текот на времето. Бебињата учат веднаш штом ќе се родат, затоа дајте им шанса да научат да цицаат. Ако не можете веднаш да доите или ако нешто тргне наопаку, не грижете се – со помош, речиси сите бебиња подоцна можат да научат.
Одржување контакт кожа на кожа
Освен ако вие или вашето бебе немате медицинска состојба која бара дополнителна нега, важно е да поминете неколку часа со вашето бебе кожа на кожа директно по раѓањето. Дури и бебињата родени со царски рез може да се стават во рацете на мајката веднаш по раѓањето. Ако контактот кожа на кожа не е можен за вас, можеби ќе може партнерот или член на семејството.
Проверете дали вашето бебе добро ја фатило брадавицата
Многу студии ја покажаа важноста на доењето во првите неколку часа по породувањето. Бебињата тогаш се најподготвени за доење.
Совети за доење од 1. до 5. ден
Бебето треба да има чести подои
Во првите неколку дена по раѓањето очекувајте вашето бебе да има почести подои. Сè уште нема апсолутно никаков распоред. Ако сте во болница, а вашето бебе е во собата, ова може да ви помогне бидејќи ќе бидете поблиску и ќе можете да одговорите на неговите знаци на глад кога ќе се појават. Практикувајте кожа на кожа со вашето бебе поголемиот дел од денот. На овој начин секогаш кога вашето бебе бара да цица, вие веднаш ќе му овозможите.
Важен е колострумот
Во првите три дена ќе произведете посебен вид млеко наречено колострум. Во количина е малку, но богато е со витамини, протеини, антитела и антивирусни агенси. Тоа е првата инокулација на вашето бебе. Исто така, дејствува како лаксатив и му помага на вашето бебе да го исчисти првиот измет (мекониум).
Внимавајте на губењето на тежината на бебето
Нормално е за бебињата што се дојат да изгубат малку тежина во првите три дена од животот – 5 до 7 отсто е во нормалниот опсег. Дел од ова е преминот на првиот измет и други течности од раѓање.
Веројатно нема потреба да го храните бебето со вештачко млеко. Колострумот што го произведува вашето тело е во мала количина со причина – тоа е вистинската количина што за вашето бебе.
Совети за доење од 3. до 5. ден
Подгответе се за пристигнувањето на млекото
Помеѓу третиот и петтиот ден од раѓањето вашето млеко ќе стане пообилно. Ова може да се случи ненајдено, но понекогаш и постепено.
Не дозволувајте да имате многу млеко во градите
Важно е да го доите бебето почесто за да ги испразните вашите гради.
Обидете се со рака да го измолзите млекото од градите
Ако вашите гради се полни, обидете се да ги измолзите со рака или со пумпа за измолзување.
Нежно масирајте ги градите
Побарајте помош ако ви е потребно. Ладните облоги и листовите од зелка над градите се корисни за ублажување на непријатноста во градите.
Проверувајте ги пелените на вашето бебе
Откако ќе добиете млеко, изметот на вашето бебе од зеленикаво-кафеав ќе добие жолта боја, а влажните пелени ќе станат пообилни.
Совети за доење од 5. до 7. ден
Научете ги знаците за глад на вашето бебе
Штом вашето млеко ќе дојде и штом знаете дека бебето качува тежина, може да дозволите да поминат 2-3 часа меѓу подоите. Но, не заборавајте дека секогаш треба да го доите кога вашето бебе ќе покаже знаци дека е гладно.
Различен распоред
Се чини дека некои бебиња имаат непредвидлив распоред на исхрана, сакаат подои секој час по неколку часа, а потоа цврсто да спијат неколку часа потоа. Сето тоа е нормално.
Продолжете со проверка на пелените
Бебињата обично имаат три до пет столици на 24 часа. Изметот треба да има жолта боја, но варијациите во бојата се нормални. Некои бебиња имаат столица по доењето, а некои подоцна. Влажните пелени варираат, но пет до седум влажни пелени дневно се нормални.
Проверка на тежината на бебето
Пелените кажуваат само половина од приказната за тоа колку млеко добива бебето. Најсигурен тест е проверката на тежина.
Побарајте помош ако ви е потребна
Може да е потребно подолго време за бебето да ја врати својата родилна тежина, но до крајот на првата недела, бебето треба да става, а не да губи тежина.
Давајте вештачко млеко доколку е потребно
Ако вашето бебе продолжи да губи тежина, тогаш ќе треба да го надополните мајчиното млеко со вештачко.
Чувствителноста на градите треба да се намали
Доењето треба да биде релативно безболно до крајот од првата или втората недела. Ако ве боли и понатаму, достапни се алатки и техники кои можат да ви помогнат со доењето.
912