Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува!

ПРАШАЊЕ: Мајка сум на 3 деца, од 2 години, 4 години и најголемото има 10 години. Подолго време се мачам со најстарата ќерка која оди на училиште и е четврто одделение. Проблемот е во тоа што дома покажува преголема агресивност кон мене, братот и кон сестрата. Нема почитување кон никого. Во последните месеци си измислува работи што не се случиле. Сум пробала и со смирен разговор, но немало резултати, напротив, покажува голема омраза кон нас. Како да постапам?

ОДГОВОР: Секое детско однесување во заднината има некаква природа и причина која го поттикнува. Од ова што го приложувате како информации во прашањето можам да разберам дека во вашето семејство имате три генерации на деца кои се во различен домен од развојот, а со тоа имаат и различни потреби и интереси.

Не споменувате колку време трае однесувањето, кога првпат почна да се забележува, дали агресивното однесување ја менува својата форма и како се манифестира – како физички или како вербален напад. Не споделувате дали истото однесување го манифестира и кон нејзиниот татко, каква е нејзината релација со секој од членовите во семејството. Со ова сакам да кажам дека кога набљудуваме однесување на дете, потребно е да сме проаналитични и да ги земеме во предвид сите можни фактори.

Зад агресивно однесување може да се кријат неисканализирани или невалидирани чувства од страна на возрасните, стрес, незадоволени психолошки потреби, потреба за внимание, неприфаќање на нов член од семејството итн. Обидете се да го рефлектирате она што го гледате истакнувајќи го чувството кое се обидува да го покаже кон вас донесувајќи можни причини, на пример: „Гледам дека ти е тешко, се лутиш и почнуваш да викаш, верувам дека имаш силна причина за тоа, но треба да знаеш дека сум тука за тебе и сум твоја најголема поддршка во сѐ. Не си сама, можеш да се потпреш на мене и јас ќе ти помогнам. Ти не си вакво дете и ние заслужуваме да бидеме среќни.“

Поддршката е порта за откривање и разрешување на причините за однесувањето кое во овој случај е непожелно и неприфатливо.

Одговара: Христина Стефановска, психолог за деца и адолесценти, Здружение „Хармоничен свет”

е-пошта: hristina_psihologija@yahoo.com

Психолозите и психотерапевтите ги одговараат прашањата според редоследот на нивното испраќање, а одговорите ќе се објавуваат на Деца.мк. Одговорите имаат психоедукативна функција и ги насочуваат родителите кон посеопфатни насоки на решавање на состојбата што ги мачи. Се разбира, покомплексните прашања подразбираат покомплексен пристап.

Рубриката „Прашај психолог“ овозможува стручна поддршка од психолози и психотерапевти на родителите при справување и решавање одредени актуелни прашања од психолошка природа на нивните деца и е резултат на соработка помеѓу Деца.мк и „Психотерапика“ – здружение за психологија и психотерапија. На прашањата одговараат психолози и психотерапевти, членови и соработници на здружението, како и самостојни експерти, соработници на Деца.мк.



912

X