Кога ќе го погледнете бебето во количка, ќе видите дека постојано нешто прави. И постојано прави нешто иако нема вештини да го направи. Тоа не си игра со движењата што ги научило вчера, туку прави други движења кои сè уште не може да ги направи. Многу е зафатено. Детето не знае за досада до седум или осум години. Постојано нешто истражува, работи. Ако му кажете на детето да оди да земе нешто, тоа нема да послуша. Но, ако му кажете ајде да ги сортираме големите и малите играчки, детето ќе го направи тоа со вас. Детето е вредно. Вложува труд во сè што е од витално значење за него.

А потоа доаѓа шестата, седмата година, логично размислување и – училиште. И добивате многу деца на кои им е здодевно, а ние не знаеме што да правиме со нив и како да продолжиме понатаму. Го изгубивме патот некаде. Не само ние, туку и оние пред нас. Затоа што ако работите работа што ја сакате, не прашувате за работното време. Сликар кој слика, може и дење и ноќе да го прави тоа. Но, проблемот со нас е што сите го правиме она што не баш сакаме да го правиме. И тука повторно проблемот е во училиштето.

Училиштето, всушност, нема да разбере едно. А тоа е дека секоја развојна фаза има свои ментални и физички способности, свои желби и навики. Во секоја фаза од животот детето има свои мотиви. Во шестата година детето е суштество на набљудување и испрашување. Тоа прашува не толку од причина што е заинтересирано, туку затоа што сака да разговараме со него, да се дружиме. Потоа стигнува до седмата година кога почнува да размислува логично и самото знае што не е добро. И со текот на времето, како што расте, расте и неговата способност да се саморегулира.

Имаме, на пример, дете кое било добро и послушно во основно училиште. Било вредно, ги добило сите петки и сега може да избере во кое средно училиште ќе се запише. Одличниот ученик може да избере. А што значи тоа одличен? Одличен значи дека бил вреден до 15 години. И сега, тој има нервен систем кој созреал, се развила сексуалноста и тој е поинаков маж. Којзнае дали ќе го интересираат истите работи како до вчера?

Знаете, ние се потсмеваме со оние луѓе што читаат хороскопи и одат кај бајачки. И правиме приемни испити. И таму го оценуваме знаењето што го собрало детето, па тоа е еден вид гаранција за неговата иднина. Но, воопшто не е. Затоа што училиштето од своето постоење до денес не водело сметка што се случило со младенчињата по десет, петнаесет години. Што учеле, што завршиле, каде се? Никој не се грижи за тоа. Никој не прави научни истражувања. Никој не го сфаќа сериозно она што го прави на училиште. Тоа е сериозна работа затоа што детето има одреден капацитет и сѐ што ќе научи, секоја оценка што ќе ја добие или го поттикнува неговиот развој или го запира.

Им кажуваме на децата, врз основа на нивниот успех на училиште, „за ова си, за она си“. Додека ние всушност немаме поим што навистина сака детето. Да му кажеш на некого дека ќе биде супер во ова или она бидејќи сега има добри оценки е исто како да му кажеш дека тоа сме го согледале кај некоја бајачка.

Извор



912

X