Ако им понудите да изберат помеѓу престојот на свеж воздух и играње игри на телефон, повеќето деца денес ќе ја изберат втората опција без размислување.

Истражувачи од Сан Франциско дошле до овој заклучок, но приказната многу веројатно би можела да се преработи и за нашата клима. Децата денес едноставно дишат и живеат во виртуелна реалност, додека природата сѐ повеќе им е туѓа.

Колку е тоа опасно, може да се види само кога денешните деца ќе пораснат и ќе бидат возрасни, но она што веќе е сигурно е зголемувањето на асоцијалноста и агресивноста, неможноста за навигација во просторот, лошите комуникациски вештини, имитирањето ликови од игрите, незаинтересираноста за сегашниот момент, отсуство на радост во обичните нешта, нереални желби итн.

Затоа родителите имаат голема одговорност да ги вратат малите надвор и да ги оттргнат од вештачкиот живот. Експертите наведуваат некои од предностите ако секој ден се поминува во природа.

Докажано е дека децата што секојдневно се надвор се поздрави, што е голема заслуга на витаминот Д кој се создава на свеж воздух, на сонце и при физичка активност на отворено.

Природата е мелем и за менталното здравје, па децата кои секојдневно си играат надвор се порасположени, посреќни и позадоволни. Како што ја трошат енергијата во текот на денот, навечер се посмирени, полесно заспиваат и имаат поквалитетен сон.

За учениците од училиштата сето тоа е важно како добра основа за учење, па истражувањата покажуваат дека учениците имаат подобра концентрација, полесно се справуваат со училишните задачи и поуспешно ги решаваат тестовите бидејќи нивниот мозок се храни со кислород.

А за претерано грижливите родители, постои уште една важна инструкција – оставете ги децата да излегуваат надвор дури и кога е ладно, бидејќи тогаш тие се многу помалку изложени на бактерии. И колку почесто дишат зимски чист планински воздух, толку ќе бидат поздрави.

Агресивни деца

И да не зборуваме колку сето тоа позитивно влијае врз нивниот социјален живот, бидејќи тие се насочени кон своите врсници, а не кон ликовите од игрите. Така, тие се сè помалку себични и ја користат играта за да ја канализираат потенцијалната агресивност.

ТВ и дебелина

Децата што поминуваат време во природа имаат посилен имунитет, не се жалат на главоболки и поретко имаат потреба да носат очила, бидејќи помалку ги оштетуваат очите пред телевизорот и компјутерскиот екран.

Подобро им е на затворениците

Британски „Гардијан“ пишува дека децата поминуваат помалку време надвор отколку луѓето во затворите, додека едно истражување покажало дека секое десетто дете во Велика Британија никогаш не било во шума или парк, и речиси 80 отсто од нив поминуваат помалку од еден час дневно надвор, а во зима не повеќе од десет минути, колку што е потребно за да се однесат до и од училиште.

Извор



912

X