Разговараме со Марија Пејоска, наставен координатор на детските програми во Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ за важноста и негувањето на интелектуалниот и креативен капацитет кај децата преку едукацијата и неформалното образование.

Зошто е важно да се негува интелектуалниот и креативен капацитет кај децата и како најдобро да го правиме тоа?

Децата преку нивното созревање треба да прераснат во личности со изграден карактер, интелигенција и способност да препознаваат вредност и создаваат квалитет, затоа што тие се и идни носители на одлуки и градители на светот. Затоа е многу важно од најмала возраст да бидат мотивирани да истражуваат квалитетни содржини преку креативните области и уметност. Ние велиме, квалитетот на исхраната е важен фактор за физичкиот развој на детето, додека уметноста е духовна храна којашто е задолжителна на детското мени за негување на нивниот интелектуалниот и креативен капацитет. Денес, имаме достапност до голем број на информации и бројни креативни обуки за деца.

Марија Пејоска

Кои едукативни програми за деца ги нуди вашата Школа за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“?

Во моментов, над 20 деца ги посетуваат нашите креативни обуки за цртање и сликање, драмски aктер и креативно пишување низ приказна и песна. Овие програми се постојано активни и се одржуваат еднаш во неделата за време на викенд. Од неодамна, започнавме и со тестирање на нова пракса во едукацискиот процес каде што децата и родителите можат да учат заедно. Прв ваков проект ни е работилницата за деца и родители на тема: „Имагинација“, каде што преку актерски вежби и игри се гради една посилна релација помеѓу детето и родителот. Целта во новата сезона од септември, е да понудиме поголем број на вакви програми и изградиме една нова пракса, а со тоа и поставиме нови стандарди во образованието. Секако, покрај овие детски програми, имаме и шест активни едногодишни академски програми и преку 20 кратки обуки и курсеви за дизајн, уметност и технологија коишто ги посетуваат преку 300 студенти (млади и возрасни лица) годишно.

Може ли да ги доближиме малку повеќе овие програми до родителите и да ни кажеш како изгледа еден час?

Програмите се целосно интерактивни и практични, така што секое детенце во текот на наставата има постојана можност да истражува и најважно создава. Секој час се работи на посебна тема којашто е менторирана од страна на професионалци од дејноста коишто мора да напоменеме дека обожаваат да работат со деца. Часот за нас, не е само материјалот којшто треба да се помине, туку и самиот простор. Тоа што отсекогаш било карактеристично за нас е уредувањето на секој детал во просторот и креирање на посебен автентичен амбиент за секој час. Од светлото до начинот на седење, украсување и избор на боите, па сè до мирисот на ванила… секој час е своја приказна за себе којашто треба да ги разбуди сите сетила на децата за едно доживување и искуство коешто треба да го паметат целиот свој живот.

Каков е процесот на пријавување?

Пријавувањето е постојано во тек и приклучување кон групите правиме секоја недела преку формата за пријави објавена на нашата веб-страница во категоријата за детски програми: https://djolevandthearts.edu.mk/kategorija/kids/ . За подетални информации достапни сме и на нашиот контакт-број: 075 268 293.

(Комерцијална објава)



912

X