Породувањето не е само тешко за мајката, туку и бебешкото тело поминува низ траума. Затоа, новороденото дете може да изгледа не баш толку совршено во првите неколку дена или недели по раѓањето, а изгледот на бебешката глава е најчест извор за грижа кај родителите.
Што се случува со бебето во текот на породувањето?
Грлото од матката се отвора и детето го почнува своето движење низ породилниот канал. Коските од карлицата на мајката и главата на детето се сместуваат едни покрај други. Главата на бебето мора да помине низ прилично тесен простор. Бидејќи черепот на детето не е тврд и главата може да го менува обликот, се приспособува на преминот и така полесно поминува низ него. Прво излегува главата, потоа предниот и задниот дел на рамената, трупот и ножињата. Важно е да се знае дека без разлика на тоа што породувањето било тешко и како изгледа главата на детето, не значи дека мозокот на вашето дете е повреден. Причините поради кои бебешката глава нема правилен облик обично немаат врска со некои оштетувања.
Ако сте имале големи труднички болки и вагинално породување, поголема е веројатноста дека бебешката глава ќе биде со неправилен облик. Обликот на главата зависи и од тоа како бебето било потпрено на карличната коса додека било во матката. Се разбира, ако се работи за породување со помош на вакуум, голема е веројатноста дека бебешката глава ќе има неправилен облик. Но, по неколку дена главата на новороденчето треба да почне да добива заоблен облик.
Што предизвикува неправилен облик и колку трае таа состојба?
Главата на бебето може да добие одреден облик додека бебето поминува низ породилниот канал. Притисокот во породилниот канал може да предизвика придвижување и преклопување на фонтанелата. Затоа, главата може да биде издолжена, со јајцевиден облик или дури малку зашилена, а темето може да биде спуштено итн. Но, во текот на наредната недела фонтанелата ќе се врати во нормалната положба, а главата ќе добие поправилен облик.
Исто така, пукањето на капиларите под косата може да предизвика создавање хематоми, а да ги предизвика притисокот во породилниот канал. Хематомот обично не е карактеризиран со модринка, а поминува по 2 недели од породувањето. По породувањето, лекарот го прегледува бебето, па не мора да се грижите бидејќи сериозните оштетувања се уочливи на првиот преглед. Затоа, не мора да преземате никакви дополнителни чекори за главата на своето дете. На подоцнежните педијатриски прегледи вашиот лекар постојано ќе го проверува обликот на главата и растот на черепот, како и нивото на затвореноста на фонтанелата.
Ако, сепак, сте загрижени бидејќи главата на вашето новороденче не се вратила во нормален облик по неколку недели од породувањето, разговарајте со вашиот педијатар, а тој, според потребите ќе ве упати на понатамошни анализи.
Автор: Сања Маташиќ
912