За штетните последици од интензивното користење различни уреди со екрани, на најрана возраст, зборува рускиот невролог Олег Корењ.

– Одамна веќе имам намера да ги споделам со вас моите забелешки за можните последици од интензивното користење различни уреди со екрани од најрана возраст: телевизор, компјутер, таблет, смартфон, вели Олег Корењ, детски невролог.

– Веднаш да се оградам и да кажам дека тука ги изнесувам само моите забелешки врз основа на искуството. Може тоа да се разбере како застрашување од незнаење – и тоа имав можност да го слушнам. Сепак, ми изгледа дека сè се вклопува и полека доаѓа на своето место…

Работата ми налага секојдневно да се среќавам со деца со помали или поголеми пречки во развојот. Веќе 5 години по правило се среќавам со ист проблем – деца во просек од 3 години кои практично не зборуваат. Однесувањето на тие деца е слично на однесувањето на деца со аутизам. Заедничко им е тоа што кога имале околу една година, им биле дадени смартфони, односно таблети. Тие деца практично целото слободно време го поминуваат со тие уреди, буквално живеат во нив. Од тоа страдаат фацијалната експресија (мимики на лицето), насочувањето на погледот (контакт со очите) и емотивната сфера. Обидот на детето да му го земете уредот, кај него предизвикува крајно негодување и агресија. Говорот по правило не се развил или е рудиментиран. Комуникацијата со околината, со реалниот свет е лоша… Знаејќи колку лесно е да се измешаат причината и последицата, не исклучувам дека некои од тие деца се начелно аутистични, а дека преокупацијата со екрани едноставно е една од варијантите на стереотипно однесување… Сепак, следува една кратка приказна.

Девојче, 1 година и 3 месеци, живее во Њујорк. Вниманието го привлекла така што не се одзивала и не реагирала на вербалните барања. Нема развиено соодветна мимика и гестикулација. Неколку месеци порано не било така лошо. Детето мавтало, велело па-па. Специјалистите се посомневале на нарушување од аутистичен спектар… Добив голем број видеоснимки со епизоди од животот на детето. Сè започнало околу 8 месец кога детето почнало да јаде во столот за хранење, пред исклучен телевизор. Одиме понатаму: на една година девојчето практично целото слободно време го поминувало пред некаков екран. Родителите го послушаа мојот совет и ги отстранија сите екрани. Очекувано, првите денови забележале кај неа раздразливост, хистерија и агресивност, па било тешко да ја нахранат.

Но… Се врати контактот со очите и покажување со рака! Тргнаа на терапија.

Ја разбирам колебливоста и субјективноста на процените дадени на далечина. Но, секако не престанувам да се прашувам: Дали е можно во „спектарот“ да се наиде на ситуации со механизам кои би можеле да се окарактеризираат како „псевдоаутизам“?

Извор



912

X