За време на блокадата на Ленинград во 1943 г., било пронајдено мало девојче. Нејзиното име било Леночка, а презимето го заборавила затоа што била многу мала. Девојчето го изгубило целото семејство, и нејзината мајка, и татко ѝ, и баба ѝ и нејзиното постаро братче. Го пронашла специјалната бригада која одела во станови и барала деца чии родители починале или исчезнале.

Ја пронашле Леночка и ја евакуирале. Девојчето не се ни сеќавало дека се возело со камион, не се сеќавало како стигнало до сиропиталиштето затоа што било многу мало. Било исцрпено и одбивало да јаде.

Лежело во креветот, или седело на столче до шпоретот. Било исплашено и молчело. Сите мислeле дека Леночка ќе умре. Многу евакуирани деца веќе починале од тешка исцрпеност, немајќи сила за живот и за јадење.

Но, еден ден, војник со една нога кој го нарекувале Вујко Колја, стар околу дваесет години, направил кукла од стара крпа. Ја исекол, ја сошил и ѝ нацртал очи и уста со молив. Ѝ ја дал куклата на Леночка и многу сериозно ѝ рекол: – Ти, Леночка, нишај ја куклата. Научи ја да јаде. Сега си нејзина мајка. И грижи се добро за неа. Таа е толку болна и гладна. Дури и не плаче!

Леночка ја зела куклата. Почнала да ја ниша и да ја гушка. Ја хранела куклата шепотејќи ѝ нешто убаво. И Леночка почнала да јаде со неа.

Леночка спиела со куклата, ја топлела на шпортетот, ја гушкала и се занимавала со неа.

…. И девојчето преживеало. Не смеело да умре, морало да се грижи за куклата.

Грижата за некого е огромна животна сила за луѓето.

Кога пораснала, Леночка станала медицинска сестра и доживеала длабока старост. Рацете секогаш ѝ биле зафатени, а нејзиното срце полно.

Извор



912

X