Нема стереотипи, права и обврски, нема позиции што жените не може да ги имаат, ниту работи што се наменети само за мажите. Или барем така треба да биде. Родовата еднаквост е сериозна работа која поминува низ низа битки, движења и протести кои се одвивале низ вековите и кои сè уште не ја постигнале крајната цел.

Мажите и жените мора да ги имаат истите права и истите должности и за да се дојде до таа точка, потребно е новите генерации да растат со свесност за тоа прашање. Финска е добар пример за тоа бидејќи во основното образование веќе има воведено часови кои се движат во таа насока. Заедно, момчињата и девојчињата, учат да пеглаат, да шијат, да диплат чаршафи, но исто така и да перат облека и да менаџираат со пари – целта е стереотипите за жените да се поткопаат засекогаш. За да не бидат повеќе само жените тие задолжени за домашните одговорности и обврските во семејството, а и мажите да разберат дека ги имаат истите обврски.

Овие лекции се со цел да ги научат идните генерации дека не треба да има разлика помеѓу мажите и жените. Дека тоа повеќе не е прифатливо и дека денес верувањето дека жените треба да се грижат за кујната, чистењето и перењето, не треба веќе да постои, само затоа што патријархалното општество, пред одредено време, одлучило дека така треба да биде.

Но, Финска, каде што се верува во родовата еднаквост, не само во теорија, ги поставила овие лекции за домаќинство во основното образование, па децата се стремат кон креирање баланс помеѓу половите и се учат дека мажите и жените ги имаат истите права и обврски, но и истите ресурси и можности. Затоа е вистина дека родителите ја имаат примарната цел да ги научат децата на вредностите, а е вистина и дека училиштата имаат одговорност да ги едуцираат малите деца, па тие да бидат протагонисти на револуцијата во име на еднаквоста.

Сепак, Финска не е единствената земја. Всушност, во 2019 година ваквите лекции за адолесценти се применувале и во колеџот „Виго“ (Шпанија), за учениците да се едуцираат за еднаквите одговорности. Ваквите иницијативи треба да станат пример и водич и за другите училишта во светот.

Автор: Иларија Барбароса

Извор



912

X