Познатиот детски психијатар, проф. д-р Светомир Бојанин од Србија, кој речиси 70 години се занимава со деца на училишна возраст, говори за влијанието на училиштето врз развојот на децата, врз нивното ментално здравје и понатамошниот успех во животот…

Програмите на училиште се како да ги мразиме децата. Во мое време или во време на Никола Тесла, во прво одделение сме сметале до 20 и сме разбирале. Некои деца го можат тоа, но некои не разбираат. Некому побрзо му се развива интелигенцијата, а некому емоциите. Емоциите се многу важни, а ние на училиште забораваме дека имаме луѓе, а не предмети. И тогаш:

Без разбирање, договор, толеранција… нема дури ни кражба

Организираме борби за оценки и натпревари од прво одделение, а не ги учиме да соработуваат. Знаете, без разбирање, договор, толеранција… нема дури ни кражба. На математика ги укоруваме кога ќе згрешат. Децата треба да се научат да си играат со математиката, а не само да правиме да им биде потешко. Ретки се оние што во целиот тој хаос прават свои програми и методи. Нив не можеме да ги прифатиме. Детето до 6-тата година живее во сегашно време, а некогаш е така и на училишна возраст. Оние што прават програми, не знаат ништо за тоа. Пример се лекциите за минатото време во петто одделение, каде што им говорат дека се сметало вака, па така… Иако поголемиот дел од нив можеби не го разбираат тоа, програмата оди понатаму… Вуковци, тоа се деца кои би требало да имаат максимално развиени способности, но тој орден не го гарантира нивното однесување во други сегменти од животот. Ниту едно министерство никогаш не правело истражувања што ќе биде потоа со тие деца. Никој не знае ни како вуковците од основно училиште поминале во средно. Но, и понатаму постои тој орден.

Во училиштата има околу 10 отсто деца со дисхармоничен развој и сè повеќе деца со пречки во развојот. Секое дете е способно за нешто, но споредувањето со децата од типичен развој е неумесно. Ним им треба различна помош и пристап. Училиштата немаат помош од дефектолозите иако се знае дека тоа е потребно. Дефектологот ја подготвува нивата за сеење, тоа значи дека за подготовка за пишување и сметање, дефектологот прво го подготвува детето, а учителот го учи да пишува букви.

Штрајкуваме само за плати, а не за безобразлукот и за немањето стручна слобода

Некои во средно училиште се запишуваат таму каде што не им е местото, каде што не им одговара. Ако сме рационални, мораме да го контролираме тој производ, а не да се раководиме со социјалниот мир. Никој не проценува што е со нашите производи (децата).

Се прашувам дали ние во училиштата ја завршуваме својата задача или некоја општествена комедија која се нарекува политичка приказна. Многу наставници не ја гледаат смислата во многу работи, но штрајкуваме само за плати, а не за безобразлукот и за немањето стручна слобода.

Извор



912

X