Користењето на социјалните мрежи, интернетот и видеоигрите со години создаваат генерации деца кои се ментално и емоционално на ниво на тригодишници, предупредува британскиот научник Сузан Гринфилд

Напредокот на технологијата, интернетот и социјалните мрежи го променија начинот на кој живееме – дел од овие промени се позитивни, а дел негативни, вели британскиот научник Сузан Гринфилд. Според неа, особено загрижува тоа што напредокот на технологијата има огромно влијание врз децата и младите затоа што користењето на социјалните мрежи и видеоигрите може да имаат опасни последици.
Дека нешто не е во ред, можеме и самите да заклучиме од информациите што во последно време кружат на интернет – поранешните вработени во „Фејсбук“ и другите компании признаваат дека социјалните мрежи се намерно направени за да предизвикаат зависност (ова особено се однесува на постојаното скролање), а може да се прочитаат и загрижувачки информации за децата што се зависни од играта „Фортнајт“.
Поради оваа игра, децата поминуваат непреспиени ноќи, дури и не одат во веце за да не ја прекинуваат играта, а некои 9-годишници завршиле на клиники за одвикнување од видеоигри бидејќи животот им се претворил во „Фортнајт“. Во целата ситуација не помагаат ниту родителите кои, наместо да ги тргнат децата од екранот и да поминат со нив квалитетно време, дури и им плаќаат инструкции од „Фортнајт“ за тие да бидат подобри во играта.

На ниво на тригодишници

Користењето на социјалните мрежи, интернетот и видеоигрите со години создаваат генерации деца кои се ментално и емоционално на ниво на тригодишници, предупредува Гринфилд. Поради постојаната изложеност на екрани, децата повеќе не можат да размислуваат сами, нормално да комуницираат и да сочувствуваат со другите.
Гринфилд уште пред четири години предупредила на потенцијалните опасни последици од социјалните мрежи и видеоигри што го менуваат човечкиот мозок, а сега предвидува дека во иднина децата ќе имаат недостиг на самодоверба, ќе бидат депресивни и нема да имаат развиени социјални и комуникациски вештини.

Решение

Наместо сурфање по социјалните мрежи и играње видеоигри, децата треба да се занимаваат со активности што имаат почеток, средина и крај, како читање игри и спортување, а наместо уреди за играње, треба да им дадат играчки за децата да ја користат својата имагинација. Денешните деца не вежбаат, не се дружат во текот на оброците и не раскажуваат приказни.
Со овој проблем треба да се занимаваат и регулаторните тела, но Гринфилд првенствено ги предупредува родителите за тие да бидат свесни за ризикот што го носи технологијата и тие се оние што мора да ги спречат децата да стекнуваат вакви лоши навики.

 



912

X