На моите врсници би им порачала да не се задоволуваат со тоа што се во моментот, да се стремат кон она што можат да бидат, затоа што единствено самите ние можеме да ги користиме нашите способности и да си ги поместиме сопствените граници, вели Амина
Амина Халим има само 14 години, а по завршувањето на првите две години од IThink Академијата на Seavus Educational and Development Center, стекнатите знаења и вештини успеа да ги претвори во активно учество во реален, сопствен проект изработувајќи веб-страница за фамилијарниот бизнис, кој подразбира изработка на везови за модни и корпоративни потреби.
Таа со нас го сподели нејзиниот впечаток за времето поминато на IThink Академијата, раскажувајќи ни како го вреднува стекнатото знаење и искуство за нејзиниот личен развој:
Амина Халим
Зошто твојот избор беше токму IThink Академијата?
– Имав желба подобро да се запознаам со светот на технологијата и иако на некој начин растев со неа, интересот за тоа како правилно да ја користам ме донесе до IThink Академијата. Оваа Академија ја одбрав бидејќи е една од најдобрите академии, има еврoпски пристап и нуди можност за афирмирање на афинитетите на деца што сакаат од најрана возраст да се образоваат во ИТ-областа.
Беше дел од многу настани што ги организира IThink Академијата, што најмногу ти остави впечаток и по што ќе го паметиш твоето учење на оваа Академија?
– Присуствував на многу настани што ги организира IThink Академијата, но најголем впечаток ми остави учеството на Codefest Marathon, бидејќи имав можност да го изразам моето стекнато знаење во тимска работа, преку проект. Со тимот изработивме видеоигра за само два дена и ја презентираме пред полната сала и стручното жири на фестивалот, и тоа на англиски јазик. Еден од повозбудливите проекти по што ќе ја паметам оваа Академија е реалниот проект во втората година, кој воедно и ми беше предизвик бидејќи требаше да се задоволат одредени социјални барања на мои врсници, а тоа беа децата со аутизам.
Основната цел беше да ги запознаеме децата и нивните потреби со цел да бидат прифатени и вклучени во општеството преку изработка на веб-страница. Целиот овој процес ни го олесна нашата инструкторка Симона Костовска, која со својата позитивна енергија и ентузијазам ги водеше часовите и го пренесуваше нејзиното искуство.
По завршување на Академијата стекнатите знаења ги примени во изработка на сопствени проекти. Раскажи ни нешто повеќе за тоа…?
– По завршувањето на напредното ниво на IThink Академијата стекнатите знаења и вештини од тренерите успеав да ги претворам во два проекта, изработувајќи веб-страници за фамилијарниот бизнис, кој подразбира изработка на везови за модни и корпоративни потреби, како и веб-страница за Здружението за социјални иновации и одржлив развој РАДАР – Скопје.
При изработката на страниците се водев по принципите и правилата што ги научив на Академијата и уживав во секој предизвик. Сега знам која е мојата идна професија.
Што би им порачала на твоите врсници, дали би ги советувала да се стекнат со искуство како твоето во IThink Академијата?
– На моите врсници би им порачала да не се задоволуваат со тоа што се во моментот, да се стремат кон она што можат да бидат, затоа што единствено самите ние можеме да ги користиме нашите способности и да си ги поместиме сопствените граници. Доколку сакаат како и јас да се стекнат со повеќе знаења и вештини, им ја препорачувам IThink Академијата.
(Комерцијална објава)
912