Многумина од нас на децата им кажуваат за белобрадиот дедо облечен во црвено, кој живее во ледена тундра на врвот на светот. Неговата задача е да пресуди за моралната вредност на децата. Тој има список што го проверил двапати. И не прима жалби.

Им ветуваме на нашите деца дека, на одреден датум, под закрилата на темнината, тој ќе влезе во нашите домови, па така, според вообичаената традиција, украсуваме елка под која тој ги остава подароците. Тој го повторува овој чин неколку милијарди пати, потпомогнат од неговата придружба.

Зошто децата би поверувале во нешто толку апсурдно? И дали може да нè научи нешто за тоа како децата прават разлика помеѓу она што е реално и она што не е?

Некој можеби ќе помисли дека децата се особено подложни на фантазија. И додека ова можеби е точно, точно е и тоа дека децата се вклучуваат во широк спектар на разумни и скептични однесувања. И присилувањето да веруваат во измислици без значителен напор е многу тешко.

Во едно истражување, познато како „Принцезата Алиса“, истражувачите им раскажувале на децата за невидливата и измислена принцеза Алиса која била „присутна“ во собата и седела на столчето во близина. По ова, децата биле оставени сами и им била дадена можност да мамат на задача за награда. Додека некои деца гледале кон празното столче, малкумина мавтале со рацете кон наводната локација на Алиса. Имало слаби статистички докази дека оваа индукција влијае врз однесувањето на децата воопшто – други автори не успеале да го повторат овој ефект.

Спротивно на ова, постои истражување „Вештерката со бонбони“. Тука двајца различни возрасни посетувале училишта во две одделни пригоди раскажувајќи им на децата за оваа вештерка и покажувајќи им на децата слики од неа. Им било кажано дека оваа вештерка ќе ги замени нејзините бонбони за играчка, ако тие се воздржат од јадење. И родителите требало да ѝ се јават на вештерката однапред. Како резултат, многу деца верувале во вештерката, некои дури и една година подоцна.

Примарната разлика помеѓу овие две истражувања е количината на напор што многу возрасни го вложиле за да ги убедат децата. Децата се прилично чувствителни на напор, и со добра причина.

Детството е уникатна животна фаза во која сексуалното созревање се одложува во корист на растот на мозокот и социјалното учење. Историски гледано, единствениот начин на кој можете да научите за нешто што не сте го искусиле директно е да се потпрете на сведочење. Децата може да прават разлика помеѓу фантазијата и историјата, да ја проценат јачината на доказите и да претпочитаат тврдења со научна поставка. Децата во многу култури се со помала веројатност од возрасните да се потпрат на натприродните објаснувања за чудни настани. Всушност, децата учат како да донесуваат вакви натприродни тврдења.

Теоријата сугерира дека ритуалите може да бидат особено влијателен вид сведоштво. Теоријата на Џо Хајнрих вели дека учениците (како што се децата) треба да обрнат внимание на постапките на моделите (како што се возрасните) и да се обидат да го утврдат степенот до кој моделот верува во нешто врз основа на тоа колку вредни би биле делата ако тие верувања не биле искрени. Едноставно кажано: акциите зборуваат погласно од зборовите.

Деловите со Дедо Мраз на Божиќ се одлична демонстрација на возрасните кои намерно учествуваат во пролонгиран, скап културен ритуал. Дедо Мраз мора да биде реален, инаку зошто родителите би ми кажувале за него? Трикот е во тоа што им кажуваме на децата повторно и повторно дека новогодишната елка, списокот со подароци се за Дедо Мраз, а не за традицијата.

Бидејќи Божиќ ја пренатрупува нашата култура, се зема здраво за готово. И бидејќи Дедо Мраз е лага што им ја кажуваме на децата, не ја третираме како зрела тема. Сепак, и Божиќ и Дедо Мраз можат многу да нè научат за нас и за тоа како да ја разбереме реалноста.

Дедо Мраз бара учество во социјалните норми и културните ритуали на начин на кој го прават тоа другите натприродни фигури. Децата не се толку збунети за тоа што е реално, туку се чувствителни на различни индиции што ги даваат возрасните.

Кога станува збор за Дедо Мраз, ние имаме тенденција не само да потврдиме нешто, туку и да дадеме детали. Фигурите што најчесто се поврзуваат со ритуалите се фигури што се најмногу одобрени како реални – дури и пореални од фигури како вонземјани и диносауруси.

Децата се чувствителни на нашите постапки – украсување на елка, подароци… А резултатот е верување: мама и тато немаше да го направат тоа ако не веруваа, така што, Дедо Мраз мора да е вистински. Инаку, зошто би ме лажеле?

Автор: Рохан Капитани



912

X