Членовите на просечно американско семејство разменуваат 10.384 пораки, открива едно истражување.

Меѓу пораките што родителите најчесто ги испраќаат се: „Каде си?“ (989 пати), „Кога ќе си дојдеш дома?“ (1.018 пати) и „Те сакам“ (1.186 пати).

Истражувањето спроведено од компанијата „Оуанпол“ ги набљудувало навиките на комуницирањето на 2.000 родители на деца на возраст од 6 до 25 години и откриле дека текстуалните пораки се најпопуларната форма на комуникација. Откриено е дека 53 отсто од родителите преку пораки најчесто ги договараат плановите за вечера. 46 отсто од нив ги координираат задачите и активностите преку СМС, а 43 отсто проверуваат каде им се децата.

Родителите на тинејџерите ги користат пораките и за забава, а 56 отсто од родителите на децата постари од 13 години бараат децата да им овозможат надзор над нивните профили на социјалните мрежи. Уште едно барање што родителите во 52 отсто од случаите го поставуваат пред децата е да ги запознаат пријателите на нивните пријатели пред да им дозволат да спијат во нивниот дом.

Повеќе од половина од испитаниците бараат децата редовно со пораки да им се јавуваат кога ќе излезат и кога ќе се дружат со пријателите.

– Родителите од денешните дигитални семејства се соочуваат со нови предизвици што ги носи технологијата. Некои ја користат можноста за споделување локации, а тоа се 51 отсто, за во секој момент да знаат каде се наоѓаат другите членови од семејството – вели Крис Хулс, соосновач на компанијата „Лајф360“, која ја развила апликацијата токму за таа цел. Но, дури и со такви можности родителите се грижат за своите деца кога не се со нив.

Речиси половина од анкетираните родители (47 отсто) се грижат дека нивните деца поминуваат премногу време пред екраните. Тоа ја надминува загриженоста дека нивните деца нема да најдат пријатели (26 отсто).

Три од десет родители на деца од основно се грижат дека содржината што децата ја објавуваат на социјалните мрежи ќе влијае врз нивниот углед, а тоа се наоѓа на листата со работи за кои размислуваат и кога децата ќе бидат средношколци. Така, 48 отсто од родителите на тинејџерите се грижат дека нивните деца ќе донесат погрешни одлуки поради притисокот од врсниците.

41 отсто од родителите ги мачи и прашањето дали нивните деца ќе се запишат на факултет, а 39 отсто ги загрижува стресот што може да го предизвика училиштето. Шест од десет родители сметаат дека технологијата им го отежнува родителството, а 25 отсто од нив велат дека би сакале интернетот да не постои.

Кога станува збор за приоритетите, 65 отсто од родителите велат дека тоа се здравјето и безбедноста на децата, 61 отсто ја наведуваат среќата, а 42 отсто нивната независност.



912

X