На мене и на бившиот сопруг ни земаа крв, на бебето примерок од плунка. Сегашниот сопруг ништо не требаше да прави, а замислете тој е татко на детето. Плативме по 100 евра за секој, значи 300 евра само за оваа анализа, раскажува Марија

Државата им кажува кој е татко на детето… Вака накратко може да се опише голготата низ која поминуваат многу разведени парови, доколку жената роди дете од друг партнер, а не се поминати 300 дена од разводот.
Ова го поминала и Марија, пред неколку години, кога со бившиот и сегашниот сопруг отишла во МВР да му вади извод на новороденото дете. Таа ни раскажа дека со поранешниот сопруг имале супер однос после разделбаата, а процесот на развод го поминале спогодбено без никакви проблеми.

– Сите тројца, значи со поранешниот и сегашниот сопруг отидовме во МВР да му извадиме извод на новороденото и полномошно за првото дете за да може да патуваме. Службеничката на шалтер ни го дава изводот од детето и гледаме дека татко е ставен мојот прв сопруг. Кога прашав зошто, ми вели: „Па, не се поминати 300 дена од разводот, ова е нова процедура сега“. Ми рече да одам кај адвокат. Бившиот сопруг удри на шега дека каде плаќа алиментација за едно, ќе плаќа и за второ дете – раскажува Марија.

Додека траело рочиштето, дознале уште еден податок за кој никогаш никоj не ги информирал. Tие не биле старатели на детето, туку му бил непознат адвокат назначен од судот.
– На тој адвокат требаше да му платиме 12.000 денари зашто месец дена бил старател на нашето дете – вели Марија.

Го натераа да се откажува од дете кое никогаш не беше негово

Тројцата веднаш отишле кај адвокат. Им објаснил дека таква е новата процедура. До пред некое време работите се решавале со збор, требало само таткото да го призне детето, но сега татковство мора да се докажува со ДНК анализа.
– Закажавме во МАНУ. На мене и на бившиот сопруг ни земаа крв, на бебето примерок од плунка. Сегашниот сопруг ништо не требаше да прави, а замислете тој е татко на детето. Плативме по 100 евра за секој, значи 300 евра. Самата процедура е понижувачка. Сите те гледаат како да сме 19 век, се чувствував понижено. Чекавме резултати околу 40 дена. На првото рочиште мојот прв сопруг требаше да даде изјава дека се откажува од детето, не го признава, за вториот да го признае. Го натераа да се откажува од дете кое никогаш не ни било негово – раскажува таа.

Трошат и до 700 евра

Додека траело рочиштето, дознале уште еден податок за кој никогаш никоj не ги информирал. За тој еден месец додека ги чекале резултатите, тие не биле старатели на тоа дете, туку му бил непознат адвокат назначен од судот.
– На тој адвокат требаше да му платиме 12.000 денари зашто месец дена бил старател на нашето дете. Замислете, ние родителите на тоа дете не знаевме дека не сме му биле старатели еден месец. Процедурата заврши за шест месеци. Ќерката ми доби извод со татково име. Потрошивме околу 700 евра. Знам родители кои немаат пари да ја платат оваа процедура, а децата им имаат повеќе од година – вели Марија.
Таа се прашува како низ ова поминуваат жени кои имаат проблематични разводи кои траат долго време. Зарем треба да се заложници на процедурите?

– Разводот со првиот сопруг беше спогодбен. Без никаков проблем. Сѐ се заврши на првото рочиште. Но, чекаш 40 дена за една процедура, 40 за друга, па одмори, празници. Поминаа 4 месеци додека се разведеме. Ете, најнормален развод без проблеми не може да се заврши за неколку месеци. А замислете да има проблем, да има борба за старателство, имот…Ако во меѓувреме мајката остане бремена, нема шанси да поминат тие 300 дена – вели Марија.

Понижувачка процедура

Додека траела нејзината процедура, детето било без извод, без книшка, не можеле да добијат ниту пари кои општината ги доделува за новородено.
– Да те изложат на вакво нешто, навистина не е лесно да го поминеш. Кога има чиста ситуација, разведени родители, таткото си го признава детето, бившиот вели не е негово, навистина е понижувачки за родителите да поминуваат низ тоа. Со 300- те дена наводно го штитат детето… И во Европските земји иста е процедурата. Но, едно е да си запознаен со процедурата и таа да се спроведува како што треба – вели Марија.

Инаку, според член 50 од Законот за семејство брачниот другар на мајката се смета за татко на детето родено за време на траењето на бракот или во рок од 300 дена по престанокот на бракот.
Во член 51 се вели: „За татко на детето родено надвор од брак се смета лицето кое детето ќе го признае за свое. Татковство може да се признае пред матичар, центарот за социјална работа и суд. Органот пред кого е дадено ова признание должен е, без одлагање, записникот за признавање на татковството, да го достави до матичарот надлежен за упис на детето во матичната книга на родените. Признавање на татковството може да биде направено и со тестамент“.



912

X