Повеќето од нас ја споделуваат радоста на родителството со некој што го сакаат. Во ретки случаи партнери сме со некој што е речиси ист како нас, но вообичаено партнерите си имаат и спротивни карактеристики и однесувања за многу нешта.

Разликите се нормални

Разликите може да се манифестираат на многу различни начини, од тоа како се поставени пешкирите во бањата до тоа дали уживате со вашето новородено дете или не. Доктор Кирсти Левин, психолог и коосновач на „Родителско село“, вели дека тие разлики се 100-процентно нормални во повеќето родителски врски.

„Ние сме уникатни индивидуи кои извршуваат сосема нова работа заедно, па природно е сите да имаме сопствен пристап и перспектива“, вели Левин.

Чудо е што за време на животниот век кој го делат родителите ќе има моменти кога едното лице ужива многу повеќе во родителството од другиот партнер. Во првите години, кога доаѓа и до недостиг од сон и обиди за адаптирање на новите промени, тие чувства може да бидат нагласени.

„Имав чувство дека тонам во жив песок“

Оливија (39) е мајка на две девојчиња, на возраст од 7 и 4 години. Во бракот таа се чувствувала несреќно.

„Имав многу тежок период на приспособување на родителството. Изолацијата, недостигот на сон и доењето, ме погодија уште на почетокот. Мојот партнер уживаше во улогата на родител, додека јас се чувствував како да тонам во жив песок. Се борев со тоа и понекогаш се чувствував многу неисполнето – како јас да бев таа што ги правеше сите жртви, без нималку радост“.

Што може да се направи кога ќе се појави ваков проблем? Кирсти Левин вели дека е важно да се гледа на тие моменти како на можности за да се работи заедно.

„Клучот е партнерите да се почитуваат и поддржуваат еден со друг и да функционираат тимски за да формираат заедништво и да бидат задоволни“.

Кирсти вели дека партнерите треба да се фокусираат на комуникацијата и компромисите за да се балансира одговорноста со радосните моменти.

1. Прашувајте се меѓусебно во кои аспекти наоѓате задоволство како возрасен човек и како родител

„Целта е да се вметнат тие аспекти во вашите животи кога и да е можно. Може да е поврзување за време на бањањето, галење рано наутро пред да почне работниот ден или одење во парк во викендите“.

2. Идентификувајте ги областите на кои би сакале да работите во животот и создајте време за тоа

„Често недостигот на задоволство произлегува од чувството на страв или неспособност. Набљудувајте го вашиот партнер додека дејствува и согледајте како реагира на потребите и интересите на вашето дете. Секој од вас ќе има силни и слаби страни во различни ситуации“.

3. Бидете реалистични – никој не може да биде добар во сѐ

„Еден родител може да биде добар во креирање игри, додека другиот може да биде подобар во практичните вештини, на пример, држење прибор за јадење или учење на азбуката. Клучно е родителите да функционираат како тим – да знаат дека не можат и двајцата да сакаат нешто на ист начин и да бидат одлични во сѐ“.



912

X