Деца.мк во соработка со Kaspersky ви ги пренесува искуствата на нашите познати личности и начинот на кој тие се справуваат со безбедноста на нивните деца на интернет. Преземете трајл-верзија од Kasperski safe kids на овој ЛИНК

Ели Пешева вели: „Имам доверба во своето дете, дека веќе е доволно разумна за да може свесно да го планира своето време и квалитетно да го користи. Не велам дека одвреме-навреме незабележително нема да ја помине линијата, особено што тинејџерските години се полни со, за нас, неразбирливи драми во друштвениот живот, но со едно предупредување сè се враќа во нормала“

– Во ваков момент на технолошки развој на цивилизацијата невозможно е да се изолираме ниту себеси ниту нашите деца од т.н. паметни уреди. Јас лично не верувам ниту дека треба. Она што е неопходно е паметното одредување на границата, вели Ели Пешева, директор за комуникации во „Њу момент“.
Колку се децата безбедни на интернет, како да се заштитат, каде родителите да ја постават границата? Пешева е мајка на Ена (14) и Лана (10). Таа верува дека ако останеме во зоната во која користењето на новите технологии оди во наша полза, нема опасност.

Ели Пешева со помалата ќерка Лана и со Ена

– Е сега, кога технологиите ни се од корист? Кога ни овозможуваат да учиме, кога ни даваат пристап до луѓе, знаења, предизвици, кои поинаку не би ни биле достапни. Верувам, и така ги воспитувам моите деца, дека технологијата им е пријател, само треба да бидат внимателни со квалитетот и должината на времето што го посветуваат на тоа пријателство. Не се согласувам со паничното избегнување на сè што носи технологијата. На моите деца им е дозволено сè. Двете имаат смарт-телефони, користат компјутери и игри за забава. Заедно се договараме кои апликации се соодветни за нив, кои платформи за друштвени мрежи им одговараат и колкав степен на контрола задржуваме ние како родители – вели таа.
Веќе е тешко да го контролираат времето кај постарата ќерка бидејќи голем дел од нејзините училишни обврски се поврзани со користењето интернет. За пишување или решавање онлајн-задачи, вежбање, истражување за проекти, за работа со нејзините соученици во тимови, за координација со нејзините наставници, да слуша музика или едноставно за да ги види и слушне своите другари по целиот свет.

Мајка им им дозволува сè, важно е да бидат одговорни

– Имам доверба во своето дете, дека веќе е доволно разумна за да може свесно да го планира своето време и квалитетно да го користи. Не велам дека одвреме-навреме незабележително нема да ја помине линијата, особено што тинејџерските години се полни со, за нас, неразбирливи драми во друштвениот живот, но со едно предупредување сè
се враќа во нормала. Кај помалата ќерка е различно, претпоставувам и поради нејзиниот карактер. Таа повеќе сака да игра со другарчињата, учењето не ѝ поврзано исклучиво со интернет, а технологијата ѝ е на располагање само кога се одмора. Тогаш најчесто гледа некоја од детските серии на „Нетфликс“, кој дава можност содржините за деца да бидат контролирани – вели Пешева.

Ели има доверба во своите деца

За нашите родители телевизорот бил врв на технологијата, за нивните родители – радиото

Како почнува интересот на најмалите за „мрежата“? Родителите најчесто се со некој уред пред себе, екраните нè опкружуваат од сите страни на некој можен начин, најчесто тоа е наједноставен начин да се нахрани детето… Пешева претпоставува дека тоа е резултат на нашето користење на технологијата.

– Јас не гледам ништо лошо во тоа. За нашите родители телевизорот бил врв на технологијата, за нивните родители – радиото. За нас, и телевизијата и радиото биле составен дел од животот. За нашите деца тоа се интернетот, смарт-телефоните и компјутерите. Нормален напредок на цивилизацијата и техничко усовршување на човекот. Со тек на време, сите овие работи стануваат составен дел од нашето секојдневие, и повеќето од нас имаат проблем доколку треба на неколку дена да се исклучат од интернет – вели таа.
Пешева е децидна дека денес не можете да држите чекор со светот доколку не сте на интернет. Не можете да ги видите роднините и пријателите што се во други држави, одговорот на секое прашање е на дофат, можете да работите што сакате и од каде сакате на планетава.

Со децата треба да се зборува за сè

– Избришани се границите, и тоа е придобивка. Сè додека е во разумни граници и додека потребата, пред сè, од социјалните мрежи и градењето лажна слика за себе не стане зависност. Тогаш станува залудно потрошено време, па дури и опасност. За овие ситуации треба да се зборува со децата, треба отворено да им се каже кои опасности ги демнат, како да се заштитат во првиот момент и да не станат ничија мета – вели Пешева.

Најсигурна заштита за секое дете е отворен и искрен разговор

На прашањето како, како родители, се справуваат со ситуацијата ако детето гледа несоодветни содржини и како изреагирале во тие моменти, Пешева раскажува една анегдота:
– Имавме ситуација на несоодветна комуникација од непознато лице преку социјална мрежа. Во прв момент испаничивме, презедовме сè што можевме за да го заштитиме детето, да пријавиме. Потоа, при повторното пречитување на комуникацијата, сфативме дека детето било свесно дека нешто не е во ред со ликот зад профилот. И реагирало онака како што сме ја учеле, да не потпадне на слатки зборови, да не открива детали за себе, да ги избегне сите замки во кои може да се доведе во опасност – вели таа.
Пешева смета дека најсигурна заштита за секое дете е отворен и искрен разговор. Не со плашење, туку со отворено и реално кажување на опасностите што навидум едноставните интернет-комуникации не ги прикажуваат.

Сами треба да научат да го контролираат времето додека се на мрежата

– За новите генерации, одземањето на мобилните телефони или ограничувањето на интернетот е ултимативната казна, и понекогаш како родител си мислам дека можеби е добро да им стои, таму некаде во потсвеста, за можат сами да се контролираат и квалитетно да го поминуваат времето онлајн. Инаку, тоа зависи и од возраста и од карактерот на детето. Ние не сме користеле апликации за контрола на содржината на интернет, или пристапот до интернет, но знам дека има неколку такви кои се директно поврзани со родителите и кои претпоставувам се многу поефикасни кога станува збор за помали деца – вели Пешева.

Kaspersky Lab e основан во 1997 година како интернационална лабораторија за изработка на ИТ-безбедносен софтвер. Седиштето на Kaspersky Lab е во Москва, Русија.

 

ШТО ПРЕТСТАВУВА KASPERSKY SAFE KIDS?

Kaspersky Safe Kids претставува софтвер кој обезбедува онлајн-заштита на децата при користењето мобилни уреди или компјутери.

Инсталирајќи го Kaspersky Safe Kids на мобилните уреди или компјутери на вашите деца, вие ќе можете:

  • Да ги заштитите вашите деца од опасни и несоодветни информации на веб;
  • Да управувате со користењето апликации (дозволени/дозволени одредено време/забранети);
  • Да го контролирате времето што вашето дете го поминува во користење мобилни уреди или компјутери;
  • Да ги следите објавите на „Фејсбук“ во кои е споменато вашето дете и да ги гледате измените во листата на неговите пријатели.
  • Да добивате известувања за локацијата на вашето дете, како и известувања кога детето ќе ја напушти дефинираната зона;
  • Да добивате статистички податоци за повици и пораки (достапно само на Android уредите);
  • Да ги видите деталните извештаи за онлајн-активностите на вашето дете;

400 милиони корисници на глобално ниво!!!



912

X