Воспитната функција во нашите (основни и средни) училишта е во длабока криза веќе подолго време. Не е ништо подобра состојбата и со образовната компонента, која во најголема мера се сведува на репродукциско знаење, кое не дава можност знаењето да има применлива функција. Но, за ова во некоја друга пригода

Веќе подолго време во нашите училишта изразено се нагласува и во степен се фаворизира исклучиво само стекнувањето на знаењата, односно образовната компонента, а воспитната е ставена на маргините. Од таа причина, голем број од наставниците својот повик го сфаќаат многу еднострано, во смисла дека пренесувањето и утврдувањето на знаењата претставува најважната и единствена задача на училиштето. Наставниците многу малку или воопшто не посветуваат внимание на други аспекти, кои се многу позначајни за правилно формирање на детската личност, како што се: формирање хумани и со морален кредибилитет личности, односно развивање механизми на групен живот и работа, социјалното однесување, формирање работни навики, формирање култура на живеење (здрав животен стил), а од особено значење се и развивањето вредности и градењето сопствени ставови, поттикнување на критичкото мислење.

Ако направиме мала рекапитулација на тоа како почна воспитната криза, тогаш доаѓаме до констатација дека состојбата со падот на воспитната функција во училиштата постепено почна од 90-тите години наваму, во периодот на транзиција, па сѐ до денес. Севкупните промени во општеството, особено рушењето на вредносниот систем, доведоа до големи промени во семејството. Така, некогашното стабилно, традиционално семејство кое успешно воспитуваше, се најде пред тешки предизвици, на кои тешко може успешно да одговори. Имено, евидентно е дека родителите сѐ потешко се справуваат со однесувањето на своите деца и сѐ потешко ја остваруваат воспитната функција, а уште повеќе, имаат сѐ помалку време за своите деца поради секојдневната грижа за задоволување на егзистенцијалните потреби, од една страна, а од друга страна е трката за поголем профит.
Префрлањето на воспитната улога од страна на семејството кон училиштето предизвика потреби од сериозни промени во воспитно-образовната институција – училиште. Но, нашето училиште не беше подготвено успешно да се справи со промените во општеството и со потребите на ученикот.

Целата колумна на проф. д-р Розалина Попова-Коскарова прочитајте ја на Факултети.мк.



912

X