Новите истражувања се работени со деца од Данска и од Флорида, а покажале дека редоследот на раѓањето има влијание врз однесувањето на децата

На многумина од нас „клетвата на второто дете“ ни стана еднаква како и „првото дете е поуспешно“. Меѓутоа, нова студија докажа дека второто дете има поголема тенденција за запаѓање во неволји.

Јозеф Дојл, врз основа на истражувањето спроведено на десет илјади деца од Данска и од Флорида, се обидел да докаже дали редоследот на раѓање има влијание врз однесувањето и запаѓањето на детето во неволји на училиште, врз деликвенцијата кај младите или врз криминалот на возрасна доба. Заедно со колегите, тој користел податоци за првите две деца во семејството (децата мора да имаат исти мајка и татко, а близнаците биле исклучени од истражувањето) и се фокусирал на оние каде што второто дете е машко (земајќи предвид дека момчињата полесно запаѓаат во неволји отколку девојчињата).

Студијата покажала дека момчињата што се родени како втори по ред имаат 20-40 % поголем ризик од проблеми со дисциплината на училиште во споредба со првородените во семејството. Оваа теза дека второродените деца се поподложни на неволји е многу посилно искажана кога се работи за двајца браќа отколку кога е вклучена сестра. Забележано е и дека без оглед на разликата во социјално-демографските карактеристики меѓу Данска и Флорида, како и во судскиот систем, резултатите биле многу слични на двете локации.

Значи, која е разликата? Што може да ја објасни разликата меѓу првиот и вториот син и колкава е вината на родителите за тоа? Како што истакнува студијата: „Ги земаме предвид разликите во родителското внимание како потенцијален фактор за разлики во степенот на деликвенција кај првото и второто дете“.
Сè се сведува на тоа дека првото дете добило целосно родителско внимание, додека второто имало препреки.

Сепак, студијата изнела и еден друг можен фактор кој може да биде интересен. Во едно интервју Дојл истакнал: – Второто дете, родено подоцна, има ирационален пример малку постар од него, а тоа е првото дете. Поентата е дека никој на светот не треба да го набљудува однесувањето на двегодишник како сопствен пример.
Затоа што, ако одам во продавница и почнам да викам зошто во виолетовата кутија нема овошје, а во жолтата има, веројатно во истиот момент ќе ме упатат на разговор со полицаец (се разбира, со викање „не“ кога ќе ми каже да ги ставам рацете на грбот).
Како што Шанкар Вендатам издвои во своите белешки: „Ова истражување, се разбира, дава воопштена слика. Не ни дава конкретно што се случува во семејствата“. Тој е сосема во право – тоа се само интересни бројки од една студија.



912

X