Електронскиот дневник од оваа недела е во функција. Министерството за образование и наука ја избра фирмата ,,Сорсикс“, која ќе ги ажурира податоците во системот.
Сепак, одговорните засега без одговор – ќе треба ли наставниците и професорите да внесат сè што од септември минатата година досега не внеле во електронската верзија.
Некои наставници на социјалните мрежи коментираат дека треба да се бојкотира исполнувањето на обврските во електронскиот дневник, со оглед на тоа дека учебната година ќе заврши за три месеци.
Целта на оваа новина во образовниот систем беше родителите да имаат постојано увид во постигнувањата и поведението на нивните деца. Поради технички пропусти, родителите многу често добиваа СМС-пораки без нови информации за бројот на изостаноци и добиени оценки.
Системот многу често ,,паѓаше” од пребукираност, особено пред крај на полугодие или учебна година, кога безмалку 20.000 наставници во државата пополнува сè што треба во него за да не бидат казнети од државните просветни инспектори. Во минатото, одговорните најавуваа дека ќе го укинат пишаниот дневник, но тоа не се случи, па наставниците мораат да водат двојна евиденција.
Инаку, пред извесно време, по барање на синдикалците, на големо имаше и најави дека дел од купот административни обврски на наставниците ќе се скратат, но тоа никогаш не се случи.
912