Д-р Џорџ Ланд ја шокира публиката кога ги објави резултатите од тестот на креативност развиен за НАСА, кој подоцна бил користен за тестирање на школски деца.
Пред многу години НАСА контактирала со д-р Џорџ Ланд и Бет Јарман за да развијат високоспецијализиран тест коj ќе им даде средства за ефикасно мерење на креативните потенцијали на ракетните научници и инженери во НАСА, пишува Ideapod.
Тестот се покажал како многу успешен за целите на НАСА, но научниците оставиле неколку прашања за натамошни истражувања: од каде доаѓа креативноста? Дали некои луѓе се раѓаат со неа или таа се учи? Или сепак произлегува од нашето искуство?
Тогаш научниците тестирале 1.600 деца на возраст меѓу 4 и 5 години. Нивниот тест ја мерел способноста кон проблемите да се пристапи со нови, различни и иновативни идеи, а резултатите ги шокирале и нив.
Процентот на деца што влегле во категоријата „фантазија во рамки на генијалност“ изнесувал цели 98%!
Но ова не е крајот на приказната. Научниците биле толку вчудовидени што одлучиле да направат лонгитудинална студија и повторно да ги испитаат децата, пет години подоцна, кога имале десет години.
Новиот резултат покажал дека само 30 проценти од истите деца спаѓаат во категоријата „фантазија која е во рамките на генијалност“.
Кога децата биле тестирани на 15 години, процентот паднал на 12%!
А што е со возрасните? Колкумина од нас сè уште се во контакт со креативниот гениј по толку години школување?
За жал, само 2 проценти.
За оние што се сомневаат во доследноста на резултатите – или мислат дека станува збор за изолирани случаи – тие резултати всушност биле повторувани повеќе од милион пати, пишува Гевин Насцименто чиј напис првпат предупредил за оваа неверојатна студија и нејзината шокантна импликација: школскиот систем, нашето образование, нè оддалечува од нашиот креативен гениј.
„Причината за тоа не е тешко да се разбере; училиштето, како што јасно го нарекуваме, е институција која е формирана да ѝ служи на владејачката класа, а не на обичните луѓе“, се наведува во написот.
„За да би можела таканаречената елита да ги одржува своите раскошни животни стилови на отворен луксуз – таму каде што најмалку придонесуваат, но најмногу уживаат – сфаќа дека децата мора да бидат заглупавени и мора да им се испере мозокот за да го прифатат нејзиниот алчен систем на наметната немаштија, бескрајно искористување и непрекината војна“, пишува Насцименто.
Што сега? Дали може да се регенерира нашата креативност?
Ланд вели дека имаме способност да бидеме повторно на тие 98 проценти ако сакаме. Според она што го открија студиите со децата и од начинот на кој функционира мозокот, постојат два вида размислувања кои се одвиваат во мозокот. И двата се користат со различни делови од мозокот и тоа е сосема поинаква парадигма во смисла како нештото се формира во нашиот ум.
Едниот вид се нарекува дивергентно мислење – тоа е нашата фантазија, која се користи за создавање нови можности. Другиот вид е конвергентното мислење – кога носите одлуки, тестирате нешто, критикувате, проценувате.
Значи, дивергентното мислење дејствува како акцелератор, а конвергентното – како кочница.
„Откривме што се случува со тие деца кога ги школуваме – ги подучуваме истовремено да ги користат двата вида размислување“, вели Ленд.
Кога некој ќе побара од вас да смислите нови идеи и да ги изнесете, на училиште ќе ви речат: „Го пробавме тоа порано“, „Тоа е глупава идеја“, „Нема да функционира“ и така натаму.
Еве што мора да престанеме да правиме:
„Кога гледаме во внатрешноста на мозокот, гледаме дека невроните меѓусебно се спротивставуваат и всушност ја намалуваат моќта на мозокот бидејќи постојано проценуваме, критикуваме и цензурираме“, вели тој.
„Ако дејствуваме под страв, го користиме помалиот дел од мозокот, но кога користиме креативно мислење, мозокот живнува“.
Што е решение?
Ленд кажал предизвик: „Утре, земете една виљушка, разбудете го петгодишникот во вас и смислете 25 или 30 идеи како да ја подобрите истата виљушка“.
912