Количината на близок и удобен контакт што малите бебиња ја добиваат не им овозможува само топла прегратка и љубов. Истражување од 2017 година вели дека прегратките може да влијаат врз бебињата на молекуларно ниво, а овој ефект може да трае со години.

Врз основа на истражувањето, бебињата што имаат помалку физички контакт и имаат повеќе стрес на рана возраст, претрпуваат промени во молекуларните процеси што влијае врз експресијата на гените. Тим на истражувачи од Универзитетот во Британска Колумбија во Канада потенцира дека на почетоците на ова истражување не е јасно што точно ја предизвикува промената. Но, може да им даде на научниците корисни увиди за тоа како допирањето влијае врз епигеномот – биохемиска промена што влијае врз експресијата на гените во телото.

За време на истражувањето, од родителите на 94 бебиња било побарано да водат дневник за нивните навики во допирање и гушкање на нивните бебиња од пет недели по раѓањето. Родителите требало и да го запишуваат однесувањето на бебињата – спиење, плачење и така натаму.

Четири и пол години подоцна биле земени ДНК-примероци од децата за да се анализира биохемиската модификација наречена ДНК-метилација. Истражувачите откриле ДНК-метилирачки разлики помеѓу децата кои постојано биле прегрнувани и децата што помалку биле прегрнувани на пет специфични ДНК-места, од кои две во самите гени: една поврзана со имунитетот, а друга поврзана со метаболизмот.

ДНК-метилацијата дејствува како маркер за нормален биолошки развој и процесите што одат со него, а врз него може да влијаат надворешни фактори од природната средина. Потоа тука е и епигенската возраст, биолошкото стареење на крвта и ткивото. Овој маркер бил помал од очекуваното кај деца што немале многу контакт додека биле бебиња и доживеале стрес и вознемиреност во раните години, во споредба со нивната вистинска возраст.

– Кај децата, побавното епигеничко стареење може да влијае врз помалку поволниот развоен напредок – вели Мајкл Кобор, кој е дел од тимот.

Разликите помеѓу епигенската возраст и хронолошката возраст се поврзани со здравствените проблеми во минатото, но прерано е да се извлечат вакви заклучоци – научниците признаваат дека сè уште не знаат како тоа ќе влијае врз децата подоцна во животот.

Се разбира дека е добро прифатено дека човечкиот допир е добар за нас и нашиот развој на сите начини, но ова е прво истражување што открива како би можела да се менува епигенетиката на бебињата.



912

X