Секое дете се развива со свое темпо, но постојат одредени пресвртници во менталниот развој што секое дете, во просек, треба да ги помине на истата возраст.
Овие насоки во развојната мапа се само ориентација што покажува статистички просек на возраст и степен на развој. Постои оптимално и сосема очекувано отстапување од просекот во развојот на секое дете, но за сите сомнежи, многу е важно да се консултирате со стручна личност која може да го утврди степенот на отстапување и потенцијалните причини.
Што може да направи двегодишно дете?
Развој на груба моторика:
Трчање;
Шутирање топка без губење рамнотежата;
Отворање врата;
Слегување по скали држејќи се за рака;
Качување по скали без држење;
Подигнување предмети од подот без држење;
Посветеност на една активност која се повторува (скокање, вртење во круг).
Развој на фина моторика:
Фрлање предмети без определен правец;
Прелистување книга страница по страница;
Вадење ситни предмети од шише;
Цртање спирални линии;
Тркалање топка;
Уживање во игри со фрлање и фаќање;
Јадење течна храна со лажица;
Нижење мониста на конец;
Кинење хартија на пола;
Градење кула од шест коцки.
Развој на перцептивни способности:
Исправање слика ставена наопаку;
Самостојно разгледување на сликовница;
Локализирање звук од друга просторија;
Именување една боја.

Развој на интелектуални способности:
Користење средства за решавање проблеми;
Совладување едноставни пречки;
Покажување пет дела од телото на барање;
Избирање еден предмет од многу по барање;
Учење преку увид.
Развој на говорни способности:
Знае повеќе фрази од две збора од типот: именка-глагол;
Препознава 8 до 12 слики;
Со зборови бара да јаде и пие;
Извршува наредби кои бараат две активности (донеcи, затвори):
користи именки, глаголи и придавки;
Знае повеќе едноставни фрази и реченици со три збора;
Одговара соодветно на прашања кои се однесуваат на сопственост (Чија е оваа мајка?);
Го изговара своето име на барање;
Употребува 200-250 збора.
Социјално-емоционален развој:
Го соблекува панталоните, капутот и јакната, го запетлува патентот;
Само пие од чаша;
Главно навечер е суво;
Почеток на паралелна игра: игра со врсниците, понекогаш им дава или покажува играчка;
Почеток на покажување интерес за групни активности;
Пркос, бунт;
Изразена љубомора;
Реагира на емоционален израз на возрасен (емпатија);
Неосновани напади на бес, врескање или смеа.
912