Психологот Ана Мирковиќ зборува за важноста и предизвиците на комуникацијата во современото општество.

Комуникацијата е испраќање порака од испраќач до примач, преку специфичен канал за комуникација, со цел примачот да ја слушне и разбере пораката. Ова е едноставна дефиниција за комуникација. Меѓутоа, проблемот настанува токму со делот „да ме слушнеш и разбереш“, истакнува психологот.

Самата физиологија ни овозможува да ја слушнеме пораката што ни ја пренесува другата личност, но за да разбереме што зборува другата личност, мора многу внимателно да слушаме.

-Слушањето не е нешто што природно им доаѓа на луѓето од балканските земји. Никој не нѐ учи како да слушаме. Па дури и спротивното се подразбира, дека слушањето е сосема непотребно. И дека си одличен, кул, најкул човек на светот ако не слушаш. Па дури и се фалиме со нашите капацитети за неслушање. А бидејќи не се разбираме, нема комуникација. Тоа е постојан монолог. Сум сретнала луѓе од мојата професија кои велат: „Јас кажав што имав да кажам, како ќе го разбереш, тоа е твој проблем“. Тоа не е точно. Кога сакам да иницирам добра комуникација, мојот проблем е како ќе ме разбереш. Затоа што ако не ме разбираш, целата одговорност е на мене – објаснува Мирковиќ.

Таа понатаму наведува дека во комуникацијата е важно да се земе предвид другата личност, нејзините потреби, желби, аспирации и моменталната ситуација. Кога некој е уморен, на пример, не треба да смислуваме некои теории и веднаш да инсистираме на повратни информации. Многу е важно да се следат невербалните знаци за комуникацијата да биде успешна.

Луѓето не следат невербални знаци затоа што се толку фокусирани на тоа да кажат што имаат.

-Луѓето во комуникација едвај чекаат да престане тој што зборува, да речат „слушај ме, сега ќе ти кажам што ми се случи“. Физиолошки, некои велат дека можеме да кажеме 120 збора во минута кога зборуваме брзо, некои велат до 200. А капацитетот на слушателот е да прими помеѓу 500 и 600 збора во минута. Ова значи дека додека јас зборувам, на другиот му е многу тешко да го задржи фокусот бидејќи еден збор може да предизвика асоцијација, како кога читаме книга – објасни психологот.

Затоа, слушањето не е лесна задача. Ако сакаме да успее, треба да имаме целосен фокус и добра волја.

Извор



912

X