Специфичноста на терапевтскиот (лековит) ефект на бајкотерапијата е лесно навлегување во длабочините на потсвеста и совладување на заштитните и одбранбени механизми на психата. Нашата потсвест лесно реагира на јазикот на бајките, дури и ако тоа не е секогаш разбрано од сопствената свест. Друга важна предност на бајката е тоа што не му дозволува на клиентот свесно да ги замени актуелните проблеми, да ги прикрива, да ги преувеличува или намалува, искривува. Народните и уметничките бајки имаат најголема исцелителна моќ бидејќи содржат конструктивно животно сценарио. Значи, бајката е сложен психолошки феномен кој има долга историја на постоење.

Во современата странска психолошка и педагошка практика концептот „терапија со бајки“ активно се користи во терапевтско пишување, читање бајки во работа со клиенти во врска со развој на способностите, дискусија за нови животни стратегии и модели на однесување. За разлика од обичната бајка, терапевтската бајка во концептот ја содржи метафората како средство за информирање за животни феномени, животни вредности, па дури и за внатрешниот свет на авторот, како авторска бајка. Метафората во бајката може да стане дијагностичка патека и идентификација на животното сценарио на поединецот.

Следните елементи се присутни во секоја бајка: херој или хероина или ликови, заплет, конфликт и негово решавање. Бајката станува лековита само кога човек се поистоветува со херојот, следејќи ја сличноста на проблемите во бајката и во неговиот живот, повлекувајќи паралели помеѓу заплетот и животот, воочување на клучната порака, откривање на моралот во приказната. Затоа, благодарение на бајката, човекот може да ги надмине своите стравови и комплекси и да разбере алтернативни модели на однесување, нови пристапи за решавање, да ги погледне ситуациите од различна гледна точка.

Во современата психотерапија, работата со бајките може да се одвива слично на психо-драмата, во која поединецот презема улоги и се поистоветува со лик од бајка. На овој начин, фигурите од бајките стануваат носители на сопствените проекции на клиентот. Бајката/приказната има цел да ја подигне свеста за следните процеси: идентификација, проекција, катарза и увид. Терапевтскиот потенцијал на бајките може да се искористи за време на анализа и решавање конкретни проблеми.

Бајката содржи готова стратегија, сценарио на однесување од кое можете да го развиете вашиот метод на дејствување. Свеста за животното сценарио се јавува со помош на создавање своја или анализа на готова бајка. Во литературата е забележано дека бајката е и начин на анализа на сценариото и извор на неговото формирање кај детската возраст. Задачата на терапијата е да го идентификува моменталното животно сценарио (дијагностичка насока), да направи евалуација на нејзината ефикасност во иднина, за дадена перспектива (прогностичка насока) наместо неуспешно сценарио, да осознае успешна стратегија (психокорективна насока).

Сценариото на животот е поставено во детството, истакната улога во ова сценарио играат родителите. Бајките се далеку од единствените, но еден од многуте фактори што влијае врз изборот на животниот пат.

Автор: психолог и автор на литература за деца Христина Стефановска



912

X